СДСМ: Општина Аеродром официјално молчи за труењето на учениците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

И по пет дена од случајот на труењето со храна на учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром остануваат отворени многу прашања од граѓаните. Општина Аеродром официјално молчи.

СДСМ: Општина Аеродром официјално молчи за труењето на учениците во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Освен информациите дека е извршена вонредна инспекциска контрола од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје, дека се земени брисеви од примероци од храната, површини и персонал, дека се изречени времени мерки од ДЗСИ за затворање на училишната кујна и дека ИЈЗ откри токсини од бактерија во примероците од храна, ниту една дополнителна информација во насока на целосно разоткривање на случајот не е објавена во јавноста.

Родителите на учениците имаат право навремено и детално да бидат информирани за одговорите на следните прашања:

- Колку редовно се вршат контроли и кој е задолжен за одржувањето на хигиенските услови во кујните на училиштата на територија на Општина Аеродром?

- Какви се хигиенските услови во просториите каде што учениците ја консумираат храната и условите во тоалетите каде што учениците и персоналот одржуваат лична хигиена?

- Колку често се вршат контроли на исправноста и квалитетот на храната и каде се произведува храната за учениците? Во какви услови се чува храната пред и по подготвувањето до моментот на послужување на учениците?

- Колку често и на кој начин се вршат контроли на процесот на реализирање на јавни набавки и јавни повици за избор на доставувачи на храна во училиштата во општина Аеродром?

- Кој е задолжен за составувањето на дневното мени за храна и дали се консултирани стручни лица при утврдувањето на критериумите за избор на доставувачи на храна и избор на дневно мени прилагодено на возраста на учениците?

- Дали е точно дека во недостаток на средства за хигиена, родителите често сами се организираат за прибирање на дополнителни средства за набавка на течен сапун, влажни марамчиња, тоалетна хартија и слично? Потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе ги укине овие трошоци за родителите преку набавка на доволни количини на средства за хигиена.

- Конечно, колку време е потребно за утврдување на одговорноста за контаминирањето на храната и кои се мерките кои во таа насока ќе бидат преземени од страна на училиштата во Аеродром?

Недозволиво е Општина Аеродром по пет дена официјално да молчи за случајот. Освен одговорот на советничкото прашање на СДСМ кој в.д. градоначалникот Дејан Митески го даде на седница на општинскиот Совет за првичните мерки преземени на денот на откривањето на случајот, ниту една дополнителна информација не е пласирана во јавноста, ниту едно официјално соопштение, прес конференција, објава на интернет страницата на општината и слично.

Родителите на учениците имаат право да ги знаат овие детали поврзани со труењето на нивните деца. До кога Општина Аеродром ќе молчи за случајот?

СДСМ

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Збунувачкото и бизарно видео е објавено на интернет и за кратко време стана вирално.

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Се гледаат огромни крокодили како лежат на брегот на езеро, по што непознат маж почнува да ги брка со лопата. Врз основа на реакцијата може да се заклучи дека сакал да ги истера назад во водата.

Локацијата останува непозната.

Покрај тоа што овој потег е крајно ризичен, повеќето гледачи го поставија истото прашање - дали имало потреба да се бркаат крокодилите со лопата?

Times Now News известува дека не можеле да го одредат датумот и локацијата каде е снимено видеото.

Некои беа вознемирени и потегот на човекот го нарекоа „суровост кон животните“. Само на страницата Amazing Nature, објавата собра повеќе од 420.000 прегледи.

Онлајн осуди

„Ова не е смешно, можеби е дури и суровост кон животните. Ако редовно ги удира со лопата“, напиша едно лице.

„Не ми е гајле дали е фарма за крокодили или нешто друго. Да ги удираш со лопата е кукавички“, додаде друг.

„Тој не требаше да го направи вака. „Само опуштено лежеа“, заклучи трето лице.

Во еден момент може да се забележи како мажот со лопата удира крокодил по муцката.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Ричард Бароус, кој го украл идентитетот на тешко болен човек и бегал од правдата речиси три децении, е прогласен за виновен по 54 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Бароус побегнал од Британија во 1997 година за да избегне судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба на деца.

Сепак, по 27 години во бегство, тој е уапсен минатата година на аеродромот Хитроу во Лондон, а сега е прогласен за виновен пред судот Честер Краун.

Тој малтретирал малолетни момчиња во интернат и како водач на извидници.

На судењето било слушнато како Бароус малтретирал момчиња на возраст од девет години додека бил учител во интернат во Чешир и како водач на извидници во Западен Мидлендс помеѓу доцните 1960-ти и средината на 1990-тите.

Бароус признал 43 од 105 обвиненија, додека обвинителството отфрли осум точки од обвинението. Тој ги отфрли преостанатите 54 обвиненија, но поротата го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

Осумдесетгодишникот од Бирмингем треба да биде осуден на 7 април.

Речиси три децении бегство и живот под туѓо име

Бароус исчезнал во 1997 година пред да може да му се суди за сексуални злосторства на деца. Полицијата со години се обидувала да го пронајде, но безуспешно.

Неговите злосторства се делумно поврзани со неговата работа во интернатот во училиштето Денесфорд во Чешир од 1969 до 1971 година, како и со извидничките групи во Сатон Колдфилд и Стритли. Злоупотреба се случила и за време на извиднички патувања во Велс, Рос-он-Вај, Котсволдс и Лондон.

На судењето тој тврдел дека побегнал во Тајланд затоа што сакал да плови и дека не извршил никакво злосторство. Тој исто така рече дека решил да се врати во Британија по 27 години бидејќи останал без пари.

Пронајден благодарение на напредната анализа на фотографии

Полицијата во Чешир конечно го пронашла во 2023 година користејќи специјализиран софтвер за анализа на слики на Интернет.

Откриле дека тој го користел лажното име Питер Смит додека живеел во Пукет, Тајланд. Понатамошната истрага открила дека Бароус го украл идентитетот на тешко болен човек и незаконски добил пасош во 1997 година.

Додека британските власти го подготвувале процесот на екстрадиција, откриле дека Бароус планирал сам да се врати во Британија, што овозможи негово апсење во Хитроу.

Полицијата: Ги оставил своите жртви да страдаат додека живеел во рајот

По пресудата, детективот Елеонор Аткинсон од полицијата во Чешир рече дека Бароус систематски ги малтретирал своите жртви и потоа избегал за да ги избегне последиците.

„Наместо да се соочи со последиците од своите постапки, тој побегна како кукавица и го искористи украдениот идентитет на болен човек“, рече таа.

Таа нагласи дека Бароус поминал речиси три децении „живеејќи во рај“, како што тој самиот го опишал својот живот во Тајланд, додека неговите жртви биле оставени да се справат со траумата и да се обидат да ги обноват своите животи.

Посебно е трагично што четворицата жртви не ја добиле правдата бидејќи починале пред да го видат на суд.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Префектурното собрание на Шизуока донесе резолуција со која се воведува такса за туристите кои сакаат да се искачат на планината Фуџи користејќи три главни патеки.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Почнувајќи од ова лето, секој алпинист ќе треба да плати 4.000 јени (околу 24,8 евра), пишува Kyodo.

Мерката доаѓа откако соседната префектура Јаманаши објави зголемување на таксата за користење на патеките на истиот износ. Целта е да се намали прекумерниот број посетители и нивното влијание врз природата на највисоката планина во Јапонија, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Освен што наплаќаат такса, властите во Шизуока воведуваат и ограничувања за пристап на нивните планински правци - помеѓу 14:00 и 03:00 часот, качувањето нема да биде дозволено, освен за оние кои имаат резервации во планинарски домови. Ова правило има за цел да го спречи ноќното качување без соодветен одмор, што е вообичаена практика меѓу туристите.

Новите прописи стапуваат на сила на 9 мај, пред почетокот на официјалната сезона за искачување во јули. Префектурата Шизуока управува со патеките Фуџиномија, Готемба и Субашири, додека патеката Јошида е под надзор на префектурата Јаманаши. Во текот на летните месеци, планината Фуџи привлекува стотици илјади авантуристи, а овие промени имаат за цел да обезбедат побезбедно и поодржливо искуство за сите посетители.

притисни ентер