СДСМ од почетокот на пандемијата покажува одговорно однесување со почитување на протоколите, тврди Заев

СДСМ од почетокот на пандемијата на дело покажува одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец, така и ќе продолжиме, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција потврди дека потпретседателот на партијата Мухамед Зекири со неговото семјество се позитивни на коронавирусот, а позитивна е и директорката на УЈП Сања Лукаровска која е дел од Изврешниот одбор на СДСМ. Согласно здравствените протоколи и здравстевната превенција, во самоизолација се лицата кои имале контакти со нив, како што се партиските потпретседатели, министерот Дамјан Манчевски и вицепремиерката Мила Царовска, советникот за односи со јавноста Марјан Забрчанец, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, кои ќе се тестираат овие денови, додаде Заев, информирајќи дека утрово тестирање на Ковиод-19 направил и техничкиот премиер Оливер Спасовски

– Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средтсва за претходна лична дезинфекција. Овде во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, се прави редовна дезинфекција на сите простории. СДСМ како и досега ин натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и секој поединец, рече Заев.

Тој нагласи дека каква и да е одлуката на здравствените власти тие ќе бидат почитувани, а резултатите од тестирањата ќе бидат јавно објавени.

Во однос на тоа што и покрај преземените заштитни мерки има два случаи на заразени од Ковид-19 , Заев вели дека СДСМ е голема партија со 120.000 членови, активисти и поддржувачи и мерките за заштота целосно се почитуваат, а бројката од двајца заразени ја поврза со непочитување на мерките од нивна страна.

– Самата бројка од двајца заразени покажува дека колку и да ги почитуваме мерките вирусот е наша реалност и тој постои. Почитувањето мора да биде максимално, дури и во овие два случаеви не сме ги почитувале до крај, пред се, како луѓе. Нашиот потпретседател Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно од своето семејство, не почитувале доволно, а според интензитетот кај Сања Лукаревска, преносот не е ист како кај Зекири. Но, останува како заклучок целосно почитување на мерките, кои се нашето секојдневие, нашата нова нормалност. Колку побрзо на тоа се навикнеме толку ќе бидеме психолошки поподготвени за спроведување на тие мерки. Тешко ни е на сите кога слушаме дека бројките се големи. Олеснително е тоа што се асимптомски и намалена е силата на самиот Ковид вирус, но самите бројки навистина паѓаат тешко за сите, и за нас од СДСМ, верувам и за опозицијата и за кој било граѓанин, но сите заедно да заклучиме дека е потребно целосно почитување на мерките и заштита на своето здртавје, а преку тоа и здравјето на сите, вели Заев./МИА

Доживотен затвор доби мажот кој со 40 пати со нож избоде жена во Кочани

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка.

Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за тој дел е раздвоена и ќе се води понатаму. Убиството се случи на 25 септември лани пред домот на убиената кога по кратка расправија обвинетиот со нож и нанел 40 убодни рани при што жената веднаш починала.

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука.

Деновите на изборите, средите 24 април и 8 мај 2024, се неработни за сите училишта. МОН денеска во сопштение наведува дека и покрај овие два неработни дена, наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочува МОН.

МОН во соопштението потсетува на утврдените календари според кои наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни, така што учебната година нема да биде продолжена поради двете неработни среди.

Со одлука на Владата од седницата во вторникот, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

Британскиот пилот, Луис Хамилтон најави учество во трките во Формула 1 уште неколку сезони откако ќе наполни 40 години.

Во пресрет на кинеското Гран при, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не е загрижен за коментарите за неговиот „доцен“ трансфер во Ферари во 2025 година.

- Мислам дека мојата одлука не треба да биде оправдана. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене и откако ја донесов одлуката, ситуацијата не се промени. Никогаш немало момент да се посомневам, а туѓите коментари не ме тераат да се двоумам. И денес има луѓе кои се уште зборуваат глупости и тоа ќе продолжи до крајот на годината. И само ќе треба да го направам она што го направив минатиот пат. Ме чекаат возбудливи времиња. Ќе се тркам добро откако ќе наполнам 40 години. Ферари не е нешто краткорочно. Јас не сум најстариот пилот. Ќе се тркам подолго време и прекрасно е што Алонсо е сè уште тука, рече седумкратниот шампион во Формула 1.

Ф1 трката во Кина ќе се вози в недела (21 април).

притисни ентер