СДСМ: Новата Влада ќе го заокружи мандатот до 2024 година

Пуста желба за власт е барањето на Мицкоски за предвремени избори, новата Влада ќе го заокружи мандатот до 2024 година.

Пуста желба за власт е барањето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори.

Парламентарното мнозинство изгласа нова Влада со мандат до 2024 година а легитимитет го црпи од резултатите на парламентарните избори во 2020 година.

На тие парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики беа поразени.

Од тие избори па до денес партијата предводена од Мицкоски ка не понуди ништо ново, ништо различно од тоа што го нудеа тогаш.

Барањето за брзи избори го покажува стравот на Мицкоски дека веќе се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но и стравот од пресуди во судските процеси кои се водат против функционери од оваа партија.

Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните се уморни од постојани избори, а оваа Влада предводена од СДСМ ќе го заокружи целиот мандат, нешто што не се случило повеќе од 15 години.

СДСМ

Кина: Регистрирани инфекции на Ковид-19 од непознато потекло на границата со С. Кореја

Регистрирани инфекции на Ковид-19 од непознато потекло во близина на границата со Северна Кореја.

Кинеското Министерство за здравство денеска соопшти дека во северноисточната провинција Џилин што се граничи со Северна Кореја се регистрирани локални трансмисии на Ковид-19 од непознато потекло.

Жариштето почнало да се шири од пограничните области кон внатрешноста на покраината, изјави претставникот на државната Национална здравствена комисија, Леи Женглонг.

Покраината, исто така, во мал дел се граничи и со Русија, но Леи не прецизира на кој дел од границата се појавило жариштето и колку случаи се регистрирани.

Овој месец Северна Кореја ги објави првите случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, прогласувајќи вонредна состојба и воведувајќи затворање.

Агенциите пренесуваат дека бројот на дневни пациенти во Џилин претходните пет дена е едноцифрен, а најголем број случаи се пријавени на места во близина на Северна Кореја.

Провинциските власти не потврдија дека во изминатиот период има зголемен број пациенти кај меѓународните патници.

Провинцијата Џилин пред неколку седмици го укина „локдаунот" откако беше сузбиено и последното жариште на коронавирусот.

Од минатиот месец во прекин е товарниот сообраќај меѓу Кина и Северна Кореја поради Ковид-19.

Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо

Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи и ги признаваме дипломите. Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо, истакна премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

По денешниота видео-конференциски состанок со српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека разговарале за забрзување на имплементацијата на проектите во рамките на Отворен Балкан.

– На самитот во Охрид на 7 и 8 јуни фокусот ќе биде насочен на туризмот и културата, најави премиерот.

Вучиќ, пак, по средбата на својот Инстаграм профил напиша дека Отворен Балкан е најдобрата иницијатива за народите на Балканот.

– Подготвуваме големи работи за граѓаните на Србија, Албанија и Македонија, порача Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав", заедно со фотографии од видео-конференцијата.

На средбата присуствувале и српскиот министер за финансии, Синиша Мали, министерката за трговија, Татјана Матиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж.

На почетокот на јуни во Охрид се очекува средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан", на која ќе присуствува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Мицкоски да не бега туку да одговори дали знае каде завршиле парите од „Криминалните парцели", дали во ВМРО-ДПМНЕ?

Христијан Мицкоски наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста глумејќи жртва, да каже јасно пред граѓаните дали украдените пари од сметката на ЕВН Електрани завршила за финасирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или пак во чии џебови завршиле 1,6 милиони евра од „Криминалните парцели"?

Како што веќе објавија медиумите дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски треба да одговори дали по негови инструкции работеле осомничените, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?

Прашуваме дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот претходник Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН?

Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори.

СДСМ

притисни ентер