СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем

Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен.

Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец, по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција.

СДСМ

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела.

Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, Мавританија, Мозамбик и Танзанија добија покани за овогодишниот Самит откако беа изоставени од листата на покани за Самитот во 2021 година.

Пред Самитот, на 28 март предвидено е украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на настан посветен на неговата земја, заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Самитот на демократијата годинава ќе се одржи на 29 и 30 март, а коорганизатори ќе бидат владите на Костарика, Холандија, Јужна Кореја и Замбија.

Првиот ден од Самитот ќе биде во виртуелен формат.

Според претставниците на Белата куќа, претседателот Џо Бајден ќе се обиде да нагласи дека настаните од минатата година покажаа со полна сила дека демократската влада, заснована на владеењето на правото и волјата на граѓаните, и покрај нејзините чести нарушувања останува најдобар систем за промовирање на просперитет и мир.

Бајден првично ја изнесе идејата за Самит за демократија за време на неговата кампања во 2020 година.

Детска балетска претстава Петар Пан

 Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска.

Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во овој музичко балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл.

Детската балетска претстава за Петар Пан, момче што не сакаше да порасне, ќе биде изведена од 17:30 и 20 часот на 31 март, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

- Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи.

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањата болат... но, морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие ноќе и дека се станува чудно и надвор од контрола.

Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра) за тригодишната кампања.

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез", изјави неименуван претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

притисни ентер