СДСМ: Мицкоски призна, со помош на Чулев вршел притисок врз вработени за истрага што се води против него

Без срам Христијан Мицкоски призна дека праќал пораки и телефонски се слушал со вработени во МВР кои воделе истрага во која самиот тој е предмет.

Ова, според сопствено признание, Мицкоски го сторил со директна помош од техничкиот министер Наќе Чулев.

По кој закон и по кој правилник Чулев му дал на Мицкоски телефонски број од помошник министер во МВР за тој да врши притисоци за истрага која се води за него? Дали Чулев на сите лица против кои се водат истраги им дава телефонски броеви од лица од МВР кои ги водат истрагите, наместо да го штити нивниот професионален интегритет?

На овој начин Мицкоски и Чулев ги прекршиле законите, затоа што на секој граѓанин, па дури и претпоставено лице во институција забрането му е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај.

Ова е класично однесување по режимската матрица од времињата која ВМРО-ДПМНЕ го претвори МВР во МВРО-ВМРО, но тој филм Мицкоски нема да го гледа.

Времето кога со телефонски повици од белиот дворец се покренуваа или прекинуваа истраги, се монтираа случаи и се диктираа пресуди, завшри.

СДСМ, граѓаните, јавноста нема да дозволат враќање на ВМРО-ВМРО. Режим - никогаш повеќе!

СДСМ

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

притисни ентер