СДСМ: Мицкоски нека го поддржи законот за ЈО и нека го испита потеклото на имот на неговите сопартијци

Предлогот на Христијан Мицкоски за закон со кој ќе се испитува потеклото на имот на политичари и функционери е уште еден блеф и лицемерен потег на шефот на најбогатата партија во Европа.

Ако сакаат да дадат позитивен пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека започнат со испитувања на потеклото на имот на нивните функционери додека биле на власт.

Од Никола Груевски и Сашо Мијалков, реку Јанушев, Мисајлоски па се до самиот Христијан Мицкоски со неговите хидроцентрали.

СДСМ веднаш ќе го следи таквиот пример, веднаш ќе даде поддршка на закон со кој ќе се испитува потеклото на имот на сите политичари и носители на јавни функции.

Но, за тоа да се случи Мицкоски треба да се откаже од она што веќе со години го прави, а тоа е одбрана на криминалот на режимот.

За потсетување, СДСМ предлагаше уставен амандман за да може да се гони секој криминал сторен на штета на државата од незвисноста до денес.

Ако ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се сериозни со предлогот прво треба да гласаат за предлог Законот за Јавно обвинителство со кој се гарантира правна разрешница на сите индиции и истраги за нивните злодела.

Токму имотот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов е замрзнат заради обвинение за нелегално финансирање на нивната партија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да дадат поддршка овој и сите други отворени судски предмети да бидат разрешени, а потоа веднаш да се започнат преговори и во периодот пред изборите да биде донесен и Закон за испитување на потеклото на имот на политичари и јавни и државни функционери.

Се друго е политички маркетинг и лицемерие од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Министерката Димитриеска-Кочоска на Форумот „Инвисио“ во Виена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на Централна и Источна Европа „Инвисио“, кој на едно место обединува клучни чинители од областа на финансиите.

На Форумот, министерката за финансии ќе ги претстави политиките што ги спроведува Владата, кои се темелат на новиот концепт на економски раст заснован на инвестиции, а коишто имаат и позитивно влијание врз одлуките што ги носат инвеститорите. Акцентот ќе биде ставен на реформите и политиките за управување со јавните финансии. Министерката е воведен говорник на Форумот заедно со првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман , заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и регионалниот заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

Учеството на Форумот „Инвисио“, претходно познат како „Еуромани“, е можност министерката Димитриеска-Кочоска да оствари и повеќе средби со инвеститори, на кои ќе стане збор за проекти што се реализираат и кои допрва треба да се реализираат, а во кои инвеститорите може да најдат интерес. Особено се значајни големите инфраструктурни проекти и проектите во енергетиката.

Форумот е годишен настан кој на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворање дискусии за трендовите и иднината на финансиските пазари. На него учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл.

„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ на 17 и 24 јануари 2025

На 17 и 24 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.

Еден од бисерите во балетската литература „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина).

Во вториот дел ќе се изведе едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Михаил Лавровски, пренел и режирал, Јуриј Мјачин од Русија, сценографијата е на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина). Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е всушност балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, и е првата премиера на Балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

Гувернерот на Калифорнија и Маск се препукуваат околу грабежите во Лос Анџелес

 Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска го обвини милијардерот Илон Маск дека „поттикнува грабеж во Лос Анџелес погоден од шумски пожар преку дезинформации што ги објавува на социјалните мрежи“.

Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака на Х, чиј сопственик е, во која лажно ги обвини Њусом и неговите колеги демократи за декриминализирање на грабежите.

- Престанете да охрабрувате грабежи со лажење и велејќи им на луѓето дека е декриминализирано. Не е. Тоа е нелегално – како што и секогаш било, напиша Њусом.

Препукувањата се случуваат во услови на загриженост за грабежи откако сопствениците на куќи кои беа принудени да ги евакуираат своите домови во Лос Анџелес поради ширењето на шумските пожари, се вратија и открија дека нивните домови биле обиени.

Околу 30 лица се уапсени во евакуираните населби во Лос Анџелес, од кои повеќето се осомничени за грабежи, соопшти претходно денеска полицијата во Лос Анџелес. Еден уапсен маж беше пронајден во опожарен дом облечен како пожарникар, додека двајца мажи беа приведени во саботата пред домот на потпретседателката Камала Харис во Лос Анџелес, но подоцна беа ослободени откако не беа пронајдени докази за упад.

притисни ентер