СДСМ: Мицкоски е неодговорен и работи против здравјето на граѓаните, лажеше дека обезбедил помош од Словенија, лажеше дека немало доволно тестови за коронавирус

И во најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски продолжува да шири политикантство и дезинформации, да работи против интересите на државата и здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ. . 

Додека целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, фрустрираниот Мицкоски очајно шири лажни вести и неоснована паника.

Мицкоски лажеше дека нема доволно тестови за коронавирусот, а таа безобразна невистина на Мицкоски е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.

Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники.

Мицкоски јавно се пофали дека лично тој успеал да обезбеди помош од Словенија за справување со коронавирусот а подоцна повторно беше демантиран и тоа од страна на Миистерството за одбрана на Словенија кое обајави дека помошта за нашата земја е обезбедена преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.

Нема крај неодговорното однесување на Мицкоски а последен доказ за тоа е снимката објавена на неколку медиумите каде што се гледа Мицкоски како излегува од спортска вежбална иако тие веќе не работат двесеттина дена. Мицкоски треба да одговори дали посетувал фитнес центри во време кога тие мора да бидат затворени како дел од мерките од превенција од коронавирусот?

Ако веќе не може и не сака да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните, врз институциите.

Владата, институциите покажаа подготвеност и капацитетност да се справат со кризата, преземаат навремени мерки и тоа ќе продолжат да го прават и понатаму.

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

притисни ентер