СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО ДПМЕ

Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО ДПМЕ, поранешни и сегашни функционери.

Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.

Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.

Граѓаните ова многу добро го знаат.

Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден.

СДСМ

Шетајќи се покрај плажа, нашла смрдлива грутка и дознала дека вреди цело богатство (ВИДЕО)

Среќна жена од Тајланд пронашла грутка од повраќаници од китови вредна 260.000 американски долари ,додека шетала на плажа.

49-годишната Сирипорн Ниамрин одела покрај плажата по бура кога забележала чудна грутка што морето ја исфрлило на брегот. Кога дошла да види за што станува збор, забележала силен мирис на риба.

Грутка тешка седум килограми, со широчина од 30 сантиметри и долга 60 сантиметри, ја однела дома мислејќи дека можеби ќе може да ја продаде и се покажало дека е во право.

Се испоставило дека открила грутка исушена повраќаница од кит, позната и како килибар, проценета на 260 000 американски долари.

Сирипорн моментално чека да ја посетат експерти кои треба да потврдат дека станува збор за вистински килибар, ретка состојка што се користи во производството на парфеми.

"Ако се покаже дека е вистинска килибар, ќе го продадам за да и помогнам на заедницата во која живеам. Среќна сум што најдов толку големо парче. Го чувам безбедно во мојата куќа", рече Сирипорн.

Амбрата се произведува од китови кога нивните жолчни канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да го олеснат минувањето на големи или остри предмети. Китовите потоа повраќаат слуз што се стврднува и плови во грутки на површината на морето, пишува „Дејли меил“.

Владата усвои во приватниот сектор да се почитува етничка, полова, и религиозна категорија

Од Владата соопштија дека денеска е прифатен Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и  услуги на пазарот на трудот за 2021 година.

Со него меѓу другото се предвидува, да се почитува принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот - стои во соопштението од Владата.

Грчката полиција разбила мрежа на криумчари со луѓе

Грчката полиција денеска објави дека успешно ја разбила мрежата на илегални трговци со луѓе и пасоши и уапсила шестмина осомничени.

Против сите осомничени веќе имало потерници под обвинение за основање на криминална организација за трговија со луѓе, нелегално преминување на граници, испраќање бегалци во европските земји и обезбедување на нивното криење.

Покрај шестмината осомничени, полицијата уапсила и петмина мигранти, одзеле повеќе од 70 пасоши, а целата акција била поддржана од ЕУРОПОЛ, пренесува агенцијата АНА.

притисни ентер