СДСМ: Мерката „гарантирана цена“ дава резултат, паѓаат цените

Мерката „гарантирана цена“ дава резултат, паѓаат цените, СДСМ се грижи за стандардот.

Мерката „гарантирана цена“, воведена од СДСМ за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати.

Паѓаат цените на стотици основни прехранбени производи.

Граѓаните по пониски цени купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли.

Овие производи во маркетите се обележани со „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август.

За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40%.

Во наредниот период следува намалување и на цените на пијалаците.

Инспекциите се на терен и проверуваат дали мерката за намалување на цените доследно се спроведува.

СДСМ со конкретни мерки и политики се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард.

СДСМ

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

Украинците поставиле екплозив под мостовите, кога Русите испратија дронови (ВИДЕО)

Општо е познато дека беспилотните летала играат голема и важна улога во војната во Украина, за двете завојувани страни.

Но, новата снимка за прв пат покажа како малите беспилотни летала FPV се користени за уништување на мостот на реката Сноу, недалеку од украинскиот град Чернихив, во погранична област каде што нема директен конфликт.

Имено, украинската армија поставила експлозив на сите мостови во близина на границата со Русија, вклучувајќи го и овој, а Русија употребила дронови FPV за да го активира експлозивот и да го сруши мостот.

На снимката се гледа сета умешност на операторите со дронови, а користено е и леталото кое се контролирало преку кабел со оптички влакна, чија употреба со дронови е иновација на оваа војна. Имено, ваквите дронови FPV не се чувствителни на анти-електронско војување и непречено стигнуваат до своите цели.

Руски извори наведуваат дека нападот на мостот на реката Снов во пограничната област на Черниговската област бил извршен за да не може Украина да го искористи „за да ги пренесе своите диверзантско-извидувачки групи на територијата на соседната област Брјанск во Русија.

Замената на батерија на електричен автомобил наскоро ќе биде поевтина од поправка на мотор

Трошоците за замена на батеријата на електричен автомобил би можеле да бидат пониски од трошоците за поправка на бензински мотор до 2030 година, пишува Recurrent, портал за управување со електрични автомобили.

Голдман Сакс го поддржува ова тврдење со предвидување дека до 2026 година цените на батериите ќе паднат на 80 долари за киловат-час, што е половина од цената во 2023 година.

Цените би можеле да бидат уште пониски доколку литиум-железо-фосфатните (LFP) батерии го заземат пазарот, бидејќи тие веќе чинат 75,3 долари/kWh, пишува HAK Magazine.

До 2030 година, цената би можела да биде околу 64 долари за kWh, додека други проценки споменуваат околу 32 и 54 долари за kWh. Ако се потврдат овие бројки, целата батерија би можела да чини помеѓу 3.375 и 5.000 долари, во зависност од големината на пакувањето, што одговара на цената на големиот дефект на бензинскиот мотор.

Ова намалување на трошоците има неколку причини. Повеќе од 40% од падот се должи на пониските цени на стоките како што се литиумот и кобалтот. Помеѓу 2020 и 2023 година, таканаречената зелена инфлација ги поскапи суровините, но пазарот сега покажува знаци на стабилизација, што доведува до поголема достапност на компонентите на батериите. Паралелно, индустриските гиганти веќе го прифаќаат овој тренд.

Производителите како што се CATL и BYD бараат од нивните добавувачи да направат дополнителна милја и почнаа да нудат LFP ќелии по цени од 56 долари за kWh.

Извештајот нагласува дека оваа еволуција не само што ја зајакнува економската исплатливост на електричните возила, туку ја отстранува и една од најголемите психолошки бариери за потрошувачите: стравот од високите трошоци за замена на батериите. Ако заменувањето на батеријата веќе не е прескапо, привлечноста на електричните автомобили ќе се зголеми.

притисни ентер