СДСМ Куманово: Градоначалникот во заминување склучи пакт со ѓаволот

Димитриевски, градоначалникот во заминување склучи пакт со ѓаволот за одбрана на личните интереси, на профитерството, на корупцијата, на криминалот…

Од поднесување "независна кандидатура" до зависноста од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Максимата "јас сум социјалдемократ во срце и душа" се разводени и доби ново име "јас ќер бидам тој кој ќе го врати режимот во Куманово".

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Тони Михајловски, треба да им биде јасна причината за пораз на нивниот кандидат. Токму врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово имаше таен договор со Димитриевски, да спечалат неколку директорски места по јавните претпријатија, Водовод, Чистота и Пазариште, да се офајдат неколкумина, а за возврат, по принцип на пазар, да биде продаден гласот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска договорот го официјализираа со печат од Будимпешта.

Затоа, сакаме да го запрашаме Димитриевски - Дали господине Димитриевски чувствувате гадење што си подадовте рака вие и оние кои за малку не ве убија вас, Зијадин Села и Зоран Заев во Собранието? Дали заборавивте на тој 27 април, а ако не сте заборавиле, дали вашиот договор значи дека и вие барате амнестија за осудените на 27 април, дали заедно со советничката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Божиновска Доцевска сега заедно ќе правите нереди и ќе организирате насилства? Дали ќе ги влечете Ромите за уши заедно со вашите нови пријатели? Дали и вие Димитриевски ќе се претворите во Ќосето и ќе сечете глави, на социјалдемократите, на албанците? Димитриевски, кој е вашиот газда сега, Мицковски и Груевски? Дали Будимпешта ви ја спонзорираше најскапата кампања во изборната историја на државата?

Господине Димитриевски, тоа што ве одби СДСМ да бидете министер за одбрана, тогаш по нечии инструкции почнавте да си ги премачкувате партиските бои. Тоа го знаат сите чесни социјалдемократи, вашата жед за моќ, за статус, за привилегии. Дури сега на изборите ја облековте униформата на ВМРО-ДПМНЕ црвено-црна, конечно ја покажувате вашата униформирана лојалност кон каузата на луѓето кои се болни за власт.

Од позиција на Градоначалник кој треба да ги подобрува условите на граѓаните, да оддржува улици, канализација итн, вие станавте наеднаш експерт по историја и надворешна политика, професор доктор епидемиолог, калиф уместо калифа, се со цел да кулминира вашето 007 работење во редовите на СДСМ за локалните избори.

И уште ова да ве потсетиме – да не заборавите дека туѓите перја со кои се китите со тек на време ќе отпаднат и народот ќе види дека царот е еден обичен голтар.

На 31ви ве чека казната од народот! Кумановци секогаш знаеле да ги казнат предавниците! Како што ги казнивме во 2013 така и вие Димитриевски ќе бидете казнети, Куманово ќе продолжи да се развива, а вие ќе одговарате за секој криминал!

СДСМ Куманово

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во палатата „Долмабахче“ во Истанбул го прими Исмаил Ханија, лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, јавија турските медиуми.

Не се соопштуваат повеќе детали за средбата која се одржува зад затворени врати во претседателската резиденција.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан пред неколку дена се сретна со Ханија во Доха, каде разговараа за последните случувања во конфликтот во Газа, соопштија дипломатски извори.

Фидан и Ханија, заедно со неговата делегација, разговараа за теми поврзани со хуманитарната помош во Појасот Газа, напорите за прекин на огнот и прашањето за заложниците, велат изворите. /МИА

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

притисни ентер