СДСМ: Колку се поголеми лагите од белиот дворец, толку потешки се поразите на Мицкоски

Колку се поголеми лагите од белиот дворец, толку потешки се поразите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, реалност е дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара 

Во ВМРО ДПМНЕ ништоне се менува. И во новата година, едни исти невистини, дезинформации и манипулации.

Христијан Мицкоски во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја.

И како тоа да не му беше доволно па сега тој и ВМРО-ДПМНЕ лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов Договор што е спротивно на државните позиции.

Една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати се вртат во белиот дворец. Дезинформации и конструкции кои немаат допир со реалноста.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување. Но, колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.

Реалноста е сосем спротивна од лагите на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста е дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара.

Лагите на Мицкоски и на малкмината околу него, не поминуваат, нивните лаги се разобличени и шест пати се казнети од граѓаните.

Колку се поголеми лагите од белиот дворец, толку се потешки поразите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција.

СДСМ

Вучиќ: Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид

Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница, но таму секако беше извршено страшно злосторство, вели Вучиќ

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, вели српскиот претседател

Пред меѓународниот суд на правдата во Хаг беше утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на саемот во Мостар, коментирајќи ја резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Одговарајќи на новинарска констатација дека Србија е прогласена за виновна пред Меѓународниот суд на правдата, затоа што не спречила геноцид во Сребреница, Вучиќ рече дека не е потребно да се замајува народот, но како што посочи дека секако во Сребреница било направено страшно злосторство, но дека Србија на никоков начин, додаде, не е одговорна за геноцид.

Според него, кога Србија ќе поднесе предлози за резолуции, како што посочи за Јасеновац, Крагуевац, Кралево, Јајинци и ногу други места, како што вели, нема да каже кој го извршил тоа.

„Претпоставувам дека Србија треба да биде среќна што во планираната резолуција за геноцидот во Сребреница не се споменуваат Србите. Па, нема да ги спомнуваме народите кога ќе ги поднесеме резолуциите за Јасеновац и Крагуевац“, вели тој.

Вучиќ рече и дека регионот е вратен пред 30 години и дека според него, сето тоа го прават оние кои рекле дека не треба да се враќаме во минатото.

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, рече српскиот претседател.

Во својот говор на отворањето на Саемот, Вучиќ рече дека се надева дека во иднина ќе има повеќе искреност во српско-хрватските и во српско-босанските односи.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека геноцидот во Сребреница не се случил, бидејќи ако било така, како што рече, немало повторно да се отвара целата приказна.

Според него, повеќе Срби биле убиени за време на опсадата на Сараево отколку што загинале во Сребреница и дека сега, како што вели сакаат да создадат мит за Сребреница.

Македонија со поддршка во ОН за резолуција да се прогласи Меѓународен ден за геноцидот во Сребреница, важно е и Србија да гласа, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и кандидат за претседател на претстојните претседателски избори вчера соопшти дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Германија, САД и други држави на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и одбележување секоја година.

Одговарајќи на новинарско прашање како очекува дека ова ќе влијае на односите на нашата земја со Србија, Османи рече дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, како што рече, затоа што осудуваме геноцид.

„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“, рече тој.

Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2 мај годинава.

Канал 5 во Античка Олимпија – запален олимпискиот оган пред игрите во Париз

Традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија денеска е биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024. Дел од оваа церемонија е и екипа на Канал 5.

Дејан Трајкоски го имаме во живо. Дејан, ја почна ли огнот 11-дневната обиколка низ Грција?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција денеска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Рече и дека градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности, пред да се случи пожарот во изминатата недела.. Арсовска упати повеќе прашања до министерството за култура и до фирмата изведувач.

притисни ентер