СДСМ: Караванот „Најдоброто" тргнува на терен, секојдневно со граѓаните, започнуваме од Битола

Караванот „Најдоброто за мојата општина" утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори.

Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.

Караванот своите активности завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

СДСМ со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.

Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, победник на овие локални избори, затоа што граѓаните ќе дадат поддршка за концептот што води напред и е гарант за да продолжи развојот на општините.

СДСМ

МИОА почнува со активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата

МИОА почнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ-легислативата.

Министерството за информатичко општество и администрација започнува со подготвителни активности за усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата и европските стандарди, што е барање кое се наведува и во новообјавениот Извештај на ЕК. Реформите ќе бидат донесени преку консултативен и отворен процес и активностите ќе бидат координирани со сите институции и чинители во областа, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Предизвиците наведени во Извештајот, посочуваат од МИОА, ќе бидат адресирани соодветно, и дека справувањето со нив и подобрувањето на состојбите претставуваат цел во нивното работење.

Од МИОА посочуваат дека новиот извештај на Европската комисија за 2021 година нагласува дека целокупниот политички контекст во кој работат медиумите е генерално поволен за промовирање на слободата на изразување и плуралистички гледишта во Република Македонија.

Општиот контекст во нашата земја е поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите, се вели во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ за 2021 година.

– Професионален и коректен однос кон сите засегнати страни и чинители во медиумската фела е нашиот водич во процесот на реформи во медиумската сфера со цел овозможување на клима за промовирање на слободата на изразување, наведува МИОА.

Украден автомобил од двор на куќа во село Тодоровци

Украден е автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци. Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот утрото, по што е известена полицијата.

-Украденото возило е „форд фокус" со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Според неофицијални извори, по грабежот на возилото, забележани се едно женско и две машки лица на надворешните камери кај мотел „Мерак" каде исто така утрово имало обид за кражба.

Од полицијата во Македонска Каменица го потврдија случајот со кражбата на возилото, информирајки дека се трага по сторителот/-ите, за што дополнително ќе информираат. /МИА

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква

Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, вели Папазов.

Почитувани,

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси.

Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.

Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека.

Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани

притисни ентер