СДСМ: Илинден е нашата сила да градиме држава со сигурна, стабилна европска иднина

Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август - Денот на Републиката.

Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава.

Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.

Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел.

СДСМ

Меси му упати порака на Сурез, кој се прости од репрезентацијата: Чао, дебел! (ВИДЕО)

Еден од најголемите напаѓачи на сите времиња, Луис Суарез (37) се прости од дресот на уругвајската репрезентација.

„Ел Пистолеро“ го одигра последниот од своите 142 настапи против Парагвај на стадионот Сентенарио во Монтевидео. Натпреварот заврши без голови, а Суарез се повлече како најдобар стрелец во историјата на Уругвај со 69 голови.

„Ти благодарам за се Лучо!“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, се дел од пораките на повеќе од 60 илјади фанови кои дојдоа да го испратат големиот Суарез, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Пред една година ја мина бројката од 550 голови и 300 асистенции во кариерата. На клупско ниво освои сѐ. Од 2010 до 2019 година беше единствениот фудбалер кој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо во борбата за Златната копачка (најдобар стрелец во Европа), а тоа го направи двапати.

Во својата кариера најпрвин играше за Национал и Гронинген пред да биде префрлен во Ајакс (111 гола, 68 асистенции на 159 натпревари), а потоа во Ливерпул (83 гола, 46 асистенции на 133 натпревари), каде што помина три години.

За Барселона играше шест години (195 гола, 113 асистенции на 283 натпревари), а во Шпанија играше и за Атлетико Мадрид со кој ја освои шампионската титула. По Атлетико ја напушти Европа и следни два клуба беа неговиот роден Национал со кој повторно ја освои титулата и бразилскиот Гремио. Во кариерата богата со трофеи, тој беше петкратен шампион на Шпанија и еднаш шампион во Лигата на шампионите. Моментално е член на Интер Мајами со кого има договор до крајот на годината.

Во Интер игра со Лионел Меси со кого неколку години делеше соблекувална во Барселона и има големо пријателство. За збогувањето на Суарез од репрезентацијата, Меси сними видео кое беше прикажано на стадионот на кое вели: „Здраво дебел, сакав да бидам присутен и да го направам ова видео на еден толку важен ден за тебе, за твоето семејство, за Уругвајците и љубителите на фудбалот воопшто поради тоа што си и поради сѐ што си дал за репрезентацијата и за својата земја.

Имав среќа да бидам покрај тебе и знам колку ти беше тешко да ја донесеш оваа одлука бидејќи знам колку ти значи играњето за уругвајската репрезентација. Се надевам дека ќе уживаш во оваа чест што ти ја даваат, а која е повеќе од заслужена за сѐ што веќе спомнав и за сѐ што ѝ даде на репрезентацијата. Секогаш го даваше својот максимум, до последниот ден. Зад себе остави големо наследство за луѓето денес и за генерациите што доаѓаат.

Ова е крај на едно важно поглавје во твојата кариера, но се надевам дека има уште многу години фудбал пред тебе и среќен сум што тие години ќе бидат тука, што ќе можеме повторно да играме заедно и да уживаме секој ден. Се надевам дека ќе уживаш во оваа вечер со твоите најблиски и со сите луѓе кои секогаш си ги посакувал со тебе. Испраќам голема прегратка, те сакам многу“.

Leo Messi sends a heartfelt message to Luis Suarez, who played his final game for Uruguay yesterday
byu/oklolzzzzs insoccer

Градоначалникот Јанчев одржа прием по повод Тиквешкиот гроздобер 2024

Градоначалникопт Митко Јанчев одржа прием за гости и делегации по повод годинешниот Тиквешки гроздобер.

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Вински музеј Кавадарци имаше прием на гости и делегации во пријатна атмосфера , добра музика и вкусна храна! Тиквешки гроздобер 2024, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Добредојдовте на ТИКВЕШКИ КАРНЕВАЛ 2024!, објави на ФБ градоначалникот Јанчев.

Германски власти тврдат дека Полска ја саботирала истрагата за Северен ток, се огласи Варшава

Пред речиси две години, неколку експлозии во Балтичкото Море предизвикаа бура низ светот.

Набрзо се дозна дека се уништени три од четирите крака на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои беа поставени за снабдување со гас од Русија до Германија. Но, кој го направи тоа?

Германските инспектори веруваат дека можеби го имаат одговорот. Главниот осомничен е украинскиот инструктор за нуркање по име Володимир З., кој последен пат живеел во близина на Варшава. Инспекторите го сомничат дека го извршил нападот заедно со уште петмина Украинци. Но, пред да биде уапсен, осомничениот побегнал во својата родна земја.

Германските инспектори сега ја обвинуваат Полска дека не ги извршила европските налози за апсење и претрес издадени од германскиот Федерален суд на правдата против Володимир З. во јуни. Германската федерална криминалистичка полиција и федералното јавно обвинителство се незадоволни. Службеник запознаен со истрагата упатил сериозно обвинение до Велт Ам Зонтаг, тврдејќи дека Полска ја саботира истрагата. Друго лице запознаено со истрагата ја нарече епизодата „попречување на правдата“.

„Полската влада очигледно го пушти за да ја прикрие сопствената вмешаност во нападот на гасоводот“, рече Аугуст Ханинг, поранешен шеф на германската Федерална разузнавачка служба или БНД, објави Политико.

Тој е убеден дека претседателите на Полска и Украина, Анджеј Дуда и Володимир Зеленски, биле запознаени со плановите за напад.

„Операции од такви димензии се незамисливи без одобрение на политичките лидери на вклучените земји“, рече Ханинг.

Инспекторите велат дека шестчлената нуркачка екипа која наводно го активирала експлозивот од едрилицата Андромеда била обучена во Полска. Инспекторите веруваат и дека Варшава можеби обезбедила логистичка поддршка за подводната операција. Членовите на екипажот на Андромеда се осомничени дека товареле опрема неопходна за нападот во крајбрежното летувалиште Колобржег, каде што бродот бил закотвен седум дена пред експлозијата.

Германските инспектори, исто така, ги обвинуваат полските власти за намерно задржување на видео снимките од марината Колобржег. Тоа одбивање ги подгреа германските сомнежи за прикривање.

Властите во Полска велат дека се огорчени од обвинувањата кои доаѓаат од Германија.

„Тврдењето дека Украина ја извршила оваа операција со полско знаење е целосно неосновано“, изјави Јацек Сиевиера, шеф на полското биро за национална безбедност.

Тој рече дека обвинувањата и инсинуациите доаѓаат од близок круг на поранешни проруски функционери кои повеќе не се на позиции на моќ.

Полска, рече тој, ги истражува сите траги, вклучително и можноста Русија да била вмешана во нападот.

притисни ентер