СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања и нова „бомба“ со гласот на Заев

На два дена пред финишот на предизборната кампања партиите во битка за глас повеќе но и со меѓусебни обвинувања за непотизам, криминал и корупција.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да го докаже потеклото на капиталот на неговото семејство. Тврди дека соочен со изборен пораз Заев ги сели своите фирми во друга земја.

Од СДСМ пак го повикаа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да одговори зошто не доставил анкетен лист до Антикорупциска. Потпретседателот на Комисијата за енергетика на социјалдемократите Митко Андреевски повикувајќи се на материјал доставен до партијата, тврдеше дека Мицкоски и неговиот татко биле извршители на договори во државната ЕЛЕМ.

Кампањата за предвремените парламентарни избори кои се одржуваат в среда ја одбележаа и речиси секојдневното објавување на т.н бомби. Па така и денеска на Јутјуб канал под наслов “Слушне вистина” се појави аудио снимка во која се слуша гласот на лидерот за СДСМ, Зоран Заев, во која споменува дел од предметите кои ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Зоран Заев:

И доаѓаа два – три пати тука кај мене, значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стигне, е таа одлука. Доле гледаш зезаатм основни....не знаат како да постапат, лавираат...Ние политички не смееме многу ова заради граѓанскиот сектор сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно и тоа е дел од решенијата кои ги нудиме. Со самиот закон се затвора, се што е после 30-ти, остануваат живи само 18-те предмети.

Се слуша во дел од разговорот, а понатаму вели:

Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат сите овие работи, значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат… итн и готово. И кога слушнаа за Врховен суд, знаеа, не се паднати од Марс. Јас на сите сум кажувал принципиелно, таа работа мора да ја истераме до крај, 18-те ќе се тераат.

Зоран Заев:

Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети Попис, и готово, целиот тој ризик е тој.

Во реакцијата од СДСМ се вели дека Заев се бори за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, за разлика од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои како што велат се бореле за спас на Камчев и Груевски.

Денешните објавени аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство.- СДСМ

За ВМРО ДПМНЕ пак објавениот разговор е потврда дека Заев од премиерска позиција го контролирал судството.

Потеклото на досега вака објавените разговори не се утврди. Од Обвинителството неколкупати посочија дека ја следат состојбата.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

притисни ентер