СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се поместуваат од позициите ниту педа

Ако нема договор меѓу политичките лидери до крајот на мај, изборите ќе се одржат на 21 јуни. 

Лидерот на СДСМ категоричен дека време за консензуален датум за избори има во следните десет дена, во спротивно вели законските рокови ќе почнат да течат и ќе се гласа на крајот на јуни.

„Сакаме да бидеме флексибилни. Сакаме да учествува опозицијата. Номиниравме дека не сме врзани за 21 јуни, сакаме во овој период на првиот бран на паѓање на кризата да излеземе на избори. Сакаме дијалог, сакаме договор, но ако нема договор не можеме со сила ние да натераме и другите страни да постигнат договор односно да одат на избори. На крајот сите поднеле листи и се кандидати на изборите, и изборите треба да се одржат не заради тоа што ние од СДСМ сме седнале и мислиме дека треба да има избори, туку заради тоа што законот тоа го пропишува, Уредбата со законска сила и Изборниот закон“, рече Заев на прес-конференција пред партиското седиште.

Заев вели и да нема договор со опозициската ВМРО ДПМНЕ, бојкот на изборите, според него, не е можен бидејќи со поднесени кандидатури сите веќе се учесници во изборниот процес. Останува на ставот дека избори во јуни се најдобра опција и во однос на здравствената и економската состојба. Вели избори кон крајот на летото како што бара опозицијата се помалку безбедни.

За ВМРО ДПМНЕ ниту еден од условите за безбедни избори не се исполнети и сметаат дека Заев е изолиран во барањето да се оди на избори во јуни. Но, велат како што е договорено од почетокот на лидерските средби очекуваат и изборниот ден да биде одреден со консензус.

„Јас без разлика на оваа шарада и игра која што ја гледаме од Заев, па поставување на ултиматуми, некакво покажување на сила, веројатно во очаен обид да си ги охрабри своите во партијата е дека на крајот на денот сепак порано или подоцна се уште се надевам дека ќе најдеме начин како да договориме кој ќе биде датумот за избори, и дека тоа всушност ќе биде со консензус. И кога сме веќе овде би морал само уште една работа да напоменам дека буквално сите политички чинители кои што беа присутни таму со исклучок на Заев се за изборите да бидат нешто подоцна летово, а не во јуни. Значи човекот е буквално сам осамен во своите барања и ако сака да постигне консензус не гледам како може да иде со глава во ѕид против сите“, вели генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Јанушев е дециден дека Владата не може да биде таа која го одреди датумот за избори , туку единствено тоа може да го направи претседателот на Собранието. Вчерашната лидерска средба кај претседателто Пендаровски заврши без договор за избори. Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останатите партии имаат различни гледишта кога треба да се одржат изборите. Првиот човек на ДУИ, е против избори на август. ДПА и БЕСА се согласуваат со избори на крајот на јуни, а Алијанса за Албанците смета дека треба да се одржат на 26-ти јули. Иако се уште не е договорено, неофицијално веќе се споменува дека е можно нова средба на лидерите до крајот на оваа недела.

Ќерката на Пол Вокер: Абортирав во 2020 година, имав среќа што најдов добар доктор

Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.

Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.

Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.

„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.

„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.

„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.

По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.

"Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи", им порача таа на хејтерите.

Коза активирала нагазни мини во Запорожје, ранети 40 Руси

Најмалку 40 руски војници се повредени откако украинска коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски „Телеграф“.

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, ги активирала експлозивните направи.

Козата предизвикала верижна експлозија.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руски војници поставувале мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и извршила верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници. Животното е наречено „Козата на Киев“, а судбината на козата засега не е позната.

Извор: Телеграф

Штрајкот на ССМ во регионите погодени од невремето ставен во мирување

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

– По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ.

притисни ентер