СДСМ и ДУИ остануваат на ставот за избори на 5 јули, ВМРО-ДПМНЕ бара гласањето да се спроведе откако ќе се стави крај на пандемијата

Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината уредба.

За да се запазат роковите треба да се одржат парламентарни избори на 5-ти јули, повтори синоќа техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со истиот став е вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, смета дека избори треба да има дури откако ќе се стави крај на епидемијата со коронавирусот.

– Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината уредба. Таа уредба ги прекина активностите околу изборите. Така што, кога ќе заврши вонредната состојба, роковите за избори ќе продолжат и остануваат уште 22 дена, а тоа се поклопува со 5-ти јули како можен датум. Затоа, ако ги следиме овие факти тогаш датумот за избори е јасен. Нам ни треба функционална држава и ако нема избори ќе нема ништо, истакна Спасовски.

Според него, изборите ќе се организираат согласно протоколите, со внимание да имаме успешен и мирен изборен процес.

Премиерот нагласи дека сега имаме состојба во која ќе живееме подолго и затоа мораме да имаме избори во првиот можен рок, бидејќи немаме начин како да функционираме како држава ако немаме избори.

– Очекувам сите политички парти да направат сопствена анализа и да учествуваат на изборите, дополни Спасовски.

Според него, комуникација може да има во секое време само партиите да најдат прифатлив датум за избори. Тој нагласи дека и 21 јуни беше можен датум за избори, но ситуацијата налагала продолжување на вонредната состојба, додавајќи дека смета оти согласно условите нема потреба од нова вонредна состојба.

Тој напомена дека државата е нефункционална и дека изборите се решение за да можат институциите да ги исполнуваат обврските во целосен капацитет.

– Што ќе ни се случува по месец, два, три... дали нема да има нови заразени? Ова нема да заврши преку ноќ, а ние мораме да ги комплетираме институциите. Ако имавме полн политички мандат со функционален парламент ќе беше поинаку, ќе функционираше државата. Затоа сега, според протоколите за заштита, ќе направиме се да имаме безбедни избори. Ако носиме маска во маркет, во ресторан, тогаш зошто да не носиме и на гласачките места, потенцира Спасовски, кој воедно е и потпретседател на СДСМ.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за дијалог и откако успешно ќе заврши пандемијата може да се зборува за поконкретни датуми и чекори за избори.

– Доколку од оваа призма како човек, како граѓанин барате одговор од мене, одговорот би бил: Ве молам дајте да се обидеме да спасиме што повеќе човечки животи и да работиме со нашите граѓани на протоколи, на мерки, да ги заштитиме од потенцијалната инфекција на овој вирус. Ајде прво тоа да го завршиме, бидејќи гледаме дека три месеци поминаа зад нас фрлени во ветер, ништо не се случи, ајде прво тоа да го завршиме а потоа првиот слободен термин да ги организираме тие избори. Тоа да се случи откако ќе се избориме конечно со оваа пандемија, рече Мицкоски.

Околу тоа, што ќе прави неговата партија ако СДСМ и ДУИ се одлучат за избори на 5 јули, Мицкоски рече „секоја чест ако тие решат да одат на избори кога броиме десетици заболени и неколкумина починати дневно и оти нема што да додаде ниту да одземе на тоа прашање".

– Втурнувањето на граѓаните во еден таков период за мене како одговорен човек и политичар значи дополнително зголемен ризик по нивниот живот, рече Мицкоски.

Тој потврди дека до имало меѓупартиска комуникација за договор за датум за парламентарните избори, но оти таа прекинала по зголемувањето на бројот на заболените од Ковид-19 во земјата, во петокот.

-Не се чуствувам пријатно да зборувам за избори во ваква ситуација, рече Мицкоски.

Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите и законски и логични.

– Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. Јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули, за да ги вратиме институциите. Меѓутоа кога би ставил пак „на вага" еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите, нагласи Османи.

Тој истакна дека последната воведена двонеделна вонредна состојба им помогнала како Влада да работат помалку под притисок на роковите и да се фокусираат на здравствената состојба во овој период, а во меѓувреме да продолжат да разговараат со политичките партии.

– Јас не очекувам граѓаните да не разберат, но ние како министри кои што функционираме на дневна основа знаеме колку ни треба што побрзо функционален Парламент и политичка Влада, така што ние сме во една тешка позиција на наметната ситуација поради ова со Собранието за којашто никој не е виновен. Собранието се распушти на 12 февруари кога никој не знаеше дека ќе имаме епидемија тука во државата, потенцираше Османи.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер.

– Ја видов најавата на Владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под Ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер, рече Вархеји./МИА.

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван

 Американскиот Конгрес ноќеска го одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што се случи по неколкумесечен застој заради спротиставувањето на тврдото крило во Републиканската партија, јави ДПА.

Во американскиот безбедносен пакет помош, вреден вкупно 95 милијарди долари, покрај Украина, опфатени се и Израел и Тајван, додаде германската агенција. Пакетот помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индо-Пацификот.

За усвојување на законот гласаа 79 сенатори, додека 18 беа против, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.

Според уставната процедура законот сега треба да го потпише и претседателот на САД, Џо Бајден.

-Ќе го потпишам овој предлог-закон и ќе му се обратам на американскиот народ штом ќе стигне утре за да може уште неделава да почнеме со испраќање оружје и опрема во Украина, рече Бајден кратко по гласањето, додавајќи дека сака да започне со испорака на оружје и опрема за Украина оваа недела.

„Со усвојувањето на законодавниот пакет, кој вклучува и милијарди долари помош за Израел и Тајван, американскиот Конгрес ја покажа моќта на американското лидерство во светот“, рече Бајден.

-Ние одлучно се залагаме за демократија и слобода и против тиранијата и угнетувањето, додаде американскиот претседател.

„Овој закон ќе ги направи нашата нација и светот побезбедни бидејќи ги поддржуваме нашите пријатели кои се бранат од терористи како Хамас и тирани како Путин“, рече Бајден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат „за одобрувањето на виталната помош за Украина“.

-Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет, изјави Зеленски, пренесе ДПА.

Претходно вчера, портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, им изјави на новинарите во Вашингтон дека нова воена помош може да биде доставена до Украина „во рок од неколку дена“.

Испораките ќе бидат „засновани на најитните потреби на Украина“, рече Рајдер. „Мислам дека е добра претпоставка да се очекува дека ќе вклучува капацитети за воздушна одбрана, како и артилериска муниција. /МИА

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

притисни ентер