СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ - Канал 5

СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ

Членството во Европската унија претставува единствена шанса за подобра македонска иднина.

СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ

СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда, рамноправна членка на европското семејство, до 2030 година.

Државата со СДСМ по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во ЕУ и успешно го заврши скрининг процесот.

СДСМ на економски план изминатите години направи многу. Пензиите и платите ги покачи на историски највисоко ниво, успешно се справи со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.

Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ.

Друга алтернатива нема.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.

Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ.

Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта, се наведува во партиското соопштение.

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 43 луѓе, од кои 26 се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на коридорот Нецарим, соопшти палестинската Цивилна одбрана.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Израел на почетокот на март ја блокираше хуманитарната помош за Појасот Газа, која беше делумно укината кон крајот на мај, што доведе до голем недостиг на храна, лекови и друго.

Хуманитарната фондација Газа, невладина организација поддржана од Вашингтон и Израел почна да дистрибуира помош кон крајот на мај, но нејзините испораки беа проследени со хаотични и смртоносни сцени. Агенциите на ОН, исто така, доставуваат помош.

Според Министерството за здравство на Хамас, од крајот на мај, 397 луѓе се убиени, а повеќе од 3.000 се повредени додека се обидувале да стигнат до местата за дистрибуција на помош во Појасот Газа.

притисни ентер