СДСМ : Договорот со Бугарија затвори децениско прашање и го отвори патот кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ

Пред три години, Владата предводена од СДСМ водејќи се од државните и национални интереси, покажа храброст и решителност во решавањето на отворените прашања со соседите, се наведува во партиското соопштение. 

На денешен ден пред три години се потпиша Договорот за присталество, добрососедство и соработка со Република Бугарија, Договор кој затвори повеќедецениско прашање меѓу двете држави.

Токму Договорот со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа ни донесоа членство во НАТО, отворен процес за преговори за членство во ЕУ, но и копретседавање на Берлинскиот процес годинава со што за прв пат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

Договорот со Бугарија денес е инспирација за соработка и добрососедство во регионот но и пошироко, а на македонскиот народ и на сите граѓани во Македонија им донесе сигурна, стабилна и безбедна иднина во НАТО и ЕУ.

Денес и со Бугарија и со сите останати соседи имаме одлични добрососедски односи и искрени и посветени поддржувачи на евроатлатнскиот пат.

Со постигнатиот договор, создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани, се наведува во соопштението на СДСМ.

Одбележани 19 години од нападот кај Карпалак

​ Со панихида и положување цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрово беше оддадена почит кон 10-те загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година.

Почит им оддадоа делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ, претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, Собранието, општина Прилеп, семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО ДПМНЕ и поголем број здруженија на бранителите, како и граѓански организации.

-Денеска одбележуваме 19 години од погубието на Карпалак. Деветнаесет години на ова исто место со една иста изјава сме барајќи да се направи достоинствено обележје за загинатите, мислам дека тие тоа го заслужија. И медиумите се сведоци дека и денес цвеќето беше положено на банкина, што не е достоинствено. Го положија животот на браникот на Република Македонија за идеалите за опстој на оваа земја како Република Македонија. Ние преживеаните следбеници на нивните дела со гордост ги почитуваме. Тој кобен 8 авгсут 2001 се случи, но ни тие случки не престануваат, тука е кумановско Диво насеље, Смилковско езеро, да не зборуваме за другите настани као што се Вејце, Бриони, Љуботенски бачила за кои многу малку е кажано за нив, изјави Ацо Јовановски-Реган, кој бил дел од резервните припадници на Армијата во конвојот од Прилеп.

Од одборот на бранителите исто така сметаат дека треба подостоинствено одбележување на местото на настанот.

-Како и претходните години и оваа година се помал е бројот на луѓе за чествување на овој настан. Причините не ни се познати, но некој очигледно работи овој настан полека да се заборава. Затоа што и оваа година како и минатата година никој од државните власти тука на местото не истакна ниту еден збор зошто се дојде овде и што е тоа што денес одбележуваме. Мислам дека Министерството за одбрана ќе смогне сили и подостоинствено ова го чествува, а на бранителите да го даде местото за кое се заслужни. Апелирам и до бранители да смогнат сили да се организираат во смисла да не не заборави нивниот придонес во Република Македонија, изјави Марин Најдов од Одбор на бранители.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на Армијата во кое беа осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Загинаа Нане Наумоски (48) ,Сашо Китаноски (39) Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29) Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26) сите од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово, и Пеце Секулоски )29) од прилепско Бело Поле.

МВР: 378 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 378 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим

  Наместо СДСМ да ги лаже граѓаните преку бледи и стерилни соопштенија, нека одговори со кои партии ќе обезбеди мнозинство и кој ќе биде премиер.

На граѓаните преку глава им е од лагите на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија знаат дека СДСМ нема да обезбеди подобра иднина.

СДСМ со својата влада изминативе години донесе само корупција, криминал и хибриден режим.

Лагите на Заев веќе не поминуваат, прочитани се.

Заради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал Македонија секој ден тонеше се повеќе и повеќе.

Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер