СДСМ: Доаѓа ново време, новата Влада предводена од СДСМ веднаш започнува со работа

Парламентарното мнозинство синоќа избра нов состав и програма на новата Влада предводена од СДСМ.

Новата Влада со работа започнува веднаш. Веќе на првата седница, денеска, се очекуваат одлуки за енергетската криза.

Веднаш потоа, решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните.

Владата ќе се посвети на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции.

Доаѓа ново време.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

По Макрон, и Мишел предлага „Европска геополитичка заедница“, резервна варијанта за З. Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предлага формирање на, како што тој ја нарекува, „Европска геополитичка заедница“.

Заедница која ќе се стреми кон „конвергенција и продлабочување на оперативната соработка за справување со заедничките предизвици, мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот континент“.

Групата би ја сочинувале земјите од Западен Балкан и земјите партнери на ЕУ од истокот, кои се или кандидати за пристап во блокот или се стремат да станат такви.

„Ќе предложам да се одржи конференција околу или по летото“, напиша Мишел на Твитер.

„Францускиот претседател Макрон претходно ја промовира идејата за формирање „Европска политичка заедница“ која ќе ги вклучува Украина и Британија.

Клучните вредности во областите на политичката соработка, безбедноста, енергетската соработка, сообраќајот, инвестициите во инфраструктурата.

Фото: Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. 

Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.

Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.

-„Битола е градот“, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија...Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни„ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт, вели Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани за настапи на други сцени и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

Заедничка литургија на поглаварите на македонската и српската црква во Белград

Литургијата на помирување започна утрово во 9 часот во храмот Свети Сава во Белград, на која служеа Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан.

Во присуство на голем број граѓани по 55 години со литургијата на помирувањето ќе се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на парламентот на Српската православна црква.

Македонските владици се надеваат дека Српската православна црква на крајот на мај ќе го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ-ОА.

Во Белград пред храмот Свети Сава е Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер