СДСМ: Дебаклот не може да се испере со бледи изјави и соопштенија, наместо да се крие, Мицкоски да одговори кого лаже!?

Ниту едно бледо соопштение, ниту една провидна прес конференција, ниту едно доаѓање на портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на СДСМ – не можат да го покријат дебаклот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.

Наместо да се крие зад партиски соопштение и зад изјави на портпароли, Мицкоски нека се охрабри и нека излезе да одговори и да каже кого лаже, домашната јавност дека Договорот со Бугарија е капитулантски или бугарскиот премиер Борисов на кого му порача дека го поддржува Договорот?

Се додека кукавички се крие зад параванот на лажните вести и стравот од извесен убедлив пораз на претстојните предвремени парламентарни избори, остануваат јасни најмалку 5 факти од самитот на ЕПП во Загреб:

1) Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата,нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија

2) Во Резолуција од загрепскиот самит на ЕПП, се констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка - што е уште еден врел шамар за Мицкоски.

3) Мицкоски го прифати Договорот со соседна Бугарија на средба со премиерот Борисов „без дилеми".

4). Синoним за лажна вест и лажен патриот е самиот Христијан Мицкоски, чиракот на Никола Груевски од Будимпешта.

5) За дебакалот и поразот на неговиот лажен патриотизам Мицкоски вината да си ја побара кај себе.

Граѓаните не сакаат лицемерни политичари без став, затоа Мицкоски нема никакви шанси на изборите на 12 април на кои ќе доживее убедлив пораз.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

притисни ентер