СДСМ: Дебакл на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите нивни лаги се потопени

Дебакл доживеаја лажните вести и дезинформации пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно бришење или менување на историјата се потопени.

Нема никаква асимилација, нема никаква бугаризација со кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеше граѓаните, затоа денеска се нервозни во белиот дворец, затоа што не им успеа да го излажат народот.

Препораките на Комисијата се на принцип на реципроцитет и тие не задираат во идентитетот и тоа не може да го промени ниту една лага, ниту едно нервозно соопштение од белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и останаа на спротивната страна од државните и националните интереси.

Вработените во „Прилепско поле“ протестираат поради неисплатените плати

 Поради три неисплатени плати, вработените во „Прилепско поле“, подружница на Водостопанство на Македонија излегоа на проотест со едночасовен прекин на работата.

Во крајно незавидна состојба се 25-те вработени и 11 сезонски работници, револтирани се од незаинтересираноста во АД „Водостопанство“ да се реши состојбата. Воедно, вработените истапија и од Синдикатот незадоволни од инертноста на Сојузот.

Иса Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“ вели дека сепак ја завршиле сезоната за наводнување за да не ги стават земјоделците во тешка ситуација.

-Денес излеговме на едночасовен протест за да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одборот на директори на АД „Водостопанство“ за обезбедување плати за вработените. Не се исплатени три плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување средства за исплата, но сѐ уште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така, го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати како матичен синдикат, бидејќи до денес немаат преземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница, рече Елмазоски.

Горанчо Каранфилоски, вработен во „Прилепско поле“ во името на колегите ја истакнува крајно незавидната ситуација во која се сите, особено во ова тешко, кризно време.

-Немаме пари, банките не притискаат за кредитите, децата тргнаа на училиште, немаме да преживееме. крајно тешко е во ова кризно време. не знам колку полошо од ова може да биде, вели Каранфилоски.

„Прилепско поле“ е една од 14-те подружници на „Водостопанство“. Според раководството на подружницата, им е речено дека Владата го прифатила барањето за подобрување на ликвидноста на претпријатието, поминал и финансискиот план, ама услов било „Водостопанство“ да обезбеди една плата.

„Прилепско поле“ има целосна наплата за наводнување на 450 хектари со склучените 1 800 договори со земјоделците. Тешко може да се размислува и за одржување на каналите поради проблеми со механизација зашто се соочуваат со недоволно обезбедени средства за поправка на дефекти, несервисирани градежни машини.

Регистриран силен земјотрес на островот Суматра!

Силен земјотрес го погоди островот Суматра! 

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди денеска северниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Мулабо на длабочина од 30 километри, објавено е на веб-страницата ЕМСЦ.

Николовски: Верувам дека Владата ќе најде решение за платите во АД „Водостопанство“

Допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. 

Верувам дека Владата ќе најде решение, на тоа работи вицепремиерот Фатмир Битиќи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ситуацијата во АД „Водостопанство“.

Како што објасни Николовски, платите ги исплаќа АД „Водостопанство“ кое не е орган во состав на Министерството за земјоделство.

-Јас и неколку министри го отвораме постојано прашањето на Влада, зашто допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. Верувам дека Владата ќе најде решение. Ние го поддржуваме АД „Водосатопанство“ во капиталните инвестиции, во реконструкцијата и изградбата на системите за наводнување, во целосното одржување, а во тој дел предвидовме 180 милиони денари. Како што се склучуваат договорите од нивна страна, така се исплаќаат, истакна Николовски, по примопредавањето на опремата за шумската полиција од Италија.

Тој потсети дека уште во 2018 година на негово барање, МЗШВ доби грант од ЕУ за реорганизирање на АД „Водостопанство“.

-ИПА проектот е готов и во најскоро време ќе биде предложен модел за реорганизирање пред Владата, напомена министерот, додавајќи дека тоа ќе биде во контекст и на барањата на земјоделците кои сакаат да се врати стариот систем на водни заедници.

притисни ентер