СДСМ: Арсовска призна дека ја менаџирала спортската сала Расадник, уверена дека била успешна - Канал 5

СДСМ: Арсовска призна дека ја менаџирала спортската сала Расадник, уверена дека била успешна

Во нејзиното гостување на „Само интервју“ на телевизија Канал 5 , кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска беше прашана и дали ја менаџирала спортската сала „Расадник“, се наведува во реакцијата на градската организација на СДСМ.

СДСМ: Арсовска призна дека ја менаџирала спортската сала Расадник, уверена дека била успешна

Новинар: „...имате ли вие некаква врска, или вашето семејство, со таа сала, ја имавте под концесија, дали вие ја менаџиравте?“

Арсовска: „Јас за таа работа веќе поднесов тужба, затоа што ако можевте да приметите, во тие документи што ги истакнаа јавно, моето име никаде не стоеше освен на...“

Новинар: „Има некоја Империјал фирма што се спомнува...“

Арсовска: „Ете така... Мора да ви кажам, јас во овие 20 години сум била менаџер во многу претпријатија, и секаде до моментот додека сум била менаџер тие биле успешни претпријатија...“

Новинар: „Е оваа сала дел од вашето портфолио?“

Арсовска: „Да била пред 20 години, меѓутоа тие сите документи кои што се извадени и лагите кои што се искажани за да се направи целата оваа конструкција, за жал се невистина...

Новинар: Имаше таму дека сте оставиле долг...

Арсовска: Апсолутно се невистина, јас за истото си поднесов веќе тужба официјално и очекувам да си се разјасни...

Новинар: Ама сега не знам колку вие имате удел во тоа, инаку салата се распаѓа, тоа се гледа дека не е добро менаџирано...

Арсовска: Јас удел во тоа немам, ама ќе се докаже во следните денови кој лошо ја менаџира...

СДСМ-Скопје на денешната прес-конференција укажа дека Арсовска од нејзината биографија што ја сподели на својата веб-страница се обидува да скрие повеќе работи: „Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“.“

Градска организација на СДСМ

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер