СДММ во Радовиш: Не запираме со креирањето на квалитетни младински политики што носат напредок

Локалните клубови на социјалдемократската младина од Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село имаа прилика да ги слушнат плановите на својата СДММ како и да ги споделат своите предлози и идеи кои сметаат дека треба да се реализираат.

Оваа можност која ни е дадена, за составување на сопствена младинска програма за претстојните локални избори која ќе се вметне во централната, е одлична шанса да ѝ покажеме на јавноста каква слика сакаме да креираме за општеството во кое живееме и да докажеме дека сме спремни таа замисла да ја оствариме, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Само со вакви дискусии, со целосна отвореност за критики, решенија, но и со многу посветеност и големо внимание кон тоа што го работиме, може да ја направиме разликата кон подобро од она што го имаме денес. Периодов сме сведоци дека нашите заложби полека, но сигурно се пласираат како реализирани проекти, донесени мерки и изгласани закони. Законот за млади, субвенционираниот студентски оброк и покачувањето на студентските стипендии се само дел од она за кое ние како младина се изборивме и сега овде пред сите вас се обрзувам дека нема да запреме овде. На нас чекаат уште многу успешни приказни кои заедно ќе ги пишуваме, продолжи Михаилоски.

СДММ после цели два месеци поминати на терен со младите од целата земја, ги брои последните трибини со караванот „Млади локално заедно". Концептот на трибините за генерирање на идеи и предлози од секој млад човек ќе резултира во младинска програма на локалните избори на кои СДСМ во добар дел од општините ќе настапи со кандидати за градоначалници и советници кои ќе бидат од редовите на својата младина.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер