Арсовски: Филипче и Заев под итно да си дадат оставки, а не да апсат граѓани

На денешната прес конференција портпаролот Димче Арсовски беше запрашан за коментар во врска со оставките на Венко Филипче и Зоран Заев за горењето на модуларната болница во Тетово и сето она кое што се случи вчера на протестите.

„Наш коментар околу тоа е следниот, Венко Филипче и Зоран Заев наместо да си дадат оставки тие дефокусираат и апсат луѓе кои што мирно протестираа. Венко Филипче и Зоран Заев треба да си дадат веднаш оставка, за да може истрагата да се одвива непречено, да не влијаат. Наместо тоа, не треба да апсат граѓани кои што мирно протестираат, а со тоа и да дефокусираат од нивните оставки", истакна Арсовски.

Арсовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка до граѓаните кои протестираат, бидејќи со право протестираат поради незадоволството од досегашната истрага која што се случува, односно која ја контролираат Венко Филипче и Зоран Заев.

Во Пакистан е нападнат пункт за вакцинација против детска парализа

Вооружени мажи денеска убија полицаец кој го чувал објектот за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, соопштила полицијата.

Пакистанските милитанти често напаѓаат места за вакцинација и полицијата што ги обезбедува, оправдувајќи ги нивните напади со тврдењето дека кампањите за вакцинација против детска парализа е дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца, пишува АП.

Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детската парализа до крајот на 2021 година, а целта е да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години.

ДЗС: Попишани вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови

Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

притисни ентер