Сашо Тасевски и Алберт Муслиу вечерва во „Само вистина“

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина, секој со својата ќе дебатираат Сашо Тасевски и Алберт Муслиу.

Нови погледи или стари проблеми, што може да очекуваме од новата бугарска влада?

Политичка немоќ или свесно аминување, ќе најде ли власта решение за отворањето бугарски клубови со контроверзни имиња?

Дали „огнената група“ на ДУИ го доведува во прашање владиното мнозинството?

Вечерва во Само Вистина, Андријана Лазова со Сашо Тасевски и Алберт Муслиу, веднаш по вестите во 18.

Јакимовски: На Македонија ѝ треба квалитетен претседател

Вечерва својата кандидатура за претседател ја објави и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски…

Јакимовски во обраќањето пред членството рече дека на Македонија ѝ е потребен квалитетен претседател, со што ја најави својата кандидатура за претседателските избори.

Парис Хилтон го прослави роденденот со супер луксузна забава во приватниот авион (ФОТО)

Славната Парис Хилтон го прослави својот 43-ти роденден за време на викендот, а со своите следбеници на Инстаграм сподели видеа од нејзината луда забава.

Парис во приватен авион тргна на патување со сопругот Картер Реум и нивниот едногодишен син Феникс Барон.

Иконата од почетокот на 2000-тите првпат сподели видео од Реум како го носи нивното машко бебе додека оди кон црн автомобил, додека му кажува како „ќе се забавува за роденденот на мама“. Таа потоа објави уште едно видео на кое се гледа надворешноста на приватниот авион украсен со десетици балони.

Кога се качила во авионот, Хилтон ја насочила камерата кон неколку маси украсени со цвеќиња, шишиња шампањ, слатки и бели очила за сонце во облик на срце. Во кадарот можеа да се видат и колачиња и голема кутија Шанел, потенцијален роденденски подарок за Парис.

Во третото видео што Хилтон го сподели на Инстаграм, таа се појави пред камера облечена во крзнена капа од Луј Витон, црна јакна и пижами со леопард принт. Иако таа го држеше синот во кадрите, нивната ќерка Лондон Мерилин не беше во ниту една од кадрите, но таа се отвори за својот живот како мајка на две деца во објава на Инстаграм во саботата.

- Се чувствувам благословено. Од мајчинство до женските должности и залагање за она што е правилно... Ова беше најдобрата година досега! – напиша Парис, пренесува Јутарњи лист.

Да потсетиме, наследничката на една од најголемите империи во светот, Парис Хилтон, во 2023 година доби две деца со помош на сурогат мајка.

Прво го доби синот Феникс, а потоа и ќерката Лондон.

„Кралот на криптовалутите“ ќе биде екстрадиран во САД, одлучи судот во Подгорица

Јужнокорејскиот државјанин До Квон ќе биде екстрадиран во Соединетите Американски Држави, кои го товарат за злосторничко здружување и други кривични дела, одлучи денеска Вишиот суд во Подгорица.

Одлуката не е правно обврзувачка и адвокатите на До Квон имаат право на жалба, пренесува Вијести.

Апелацискиот суд претходно објави дека конечната одлука за екстрадиција на „кралот на криптовалутите“ До Квон е надлежен суд, а не министерот за правда и дека Високиот суд не утврдил кој прв побарал негова екстрадиција, нa чија земја тој е државјанин, на Јужна Кореја или САД.

Апелациониот суд, пак, ја поништил првостепената одлука на Вишиот суд, со која се утврди дека се исполнети законските предуслови за екстрадиција на До Квон за кривично гонење за повеќе кривични дела по барање на двете земји.

До Квон и неговиот деловен партнер беа уапсени на 23 март минатата година на аеродромот во Подгорица кога користеле фалсификувани пасоши од Костарика при пасошка контрола на лет за Дубаи.

притисни ентер