Санкционирани се 154 возачи во Скопје, најмногу за брзо возење

Санкционирани се 154  возачи во Скопје, од кои 25 за брзо возење, во контроли што вчера ги спровел Секторот за внатрешни работи Скопје.  

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени и 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен телефон при возење, по пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло и за некористење на сигурносен појас...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Камион натоварен со јаглен направи хаос во село во БиХ- урнати бандери, огради, куќи (ВИДЕО)

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска во Масловаре кај Котор Варош во БиХ, кога камион натоварен со јаглен изгубил контрола и оштетил делови од дворови на неколку куќи.

Како што може да се види на снимките, урнати се огради во неколку дворови, во еден од нив настрешница, а срушена е и бандера, што им направи дополнителни проблеми на мештаните, објави Независне.

Според локалните жители, се чини дека камионот превезувал руда од локалниот рудник, кој бил затворен со години, но неодамна повторно започнал со работа.

Во оваа несреќа за среќа нема повредени, а полицијата извршила истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Министерот Минчев со честитка по повод Богојавление – Водици

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето.

Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови.

Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.

Со најискрени желби за радост и благосостојба,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Украина собори 43 руски дронови во девет нејзини региони, соопшти военото воздухопловство

Украинската воздушна одбрана собори 43 од вкупно 61 дрон лансирани од Русија за време на синоќешните напади насочени кон девет региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Воздухопловните сили известија дека 15 беспилотни летала се „изгубени“. Властите засега не пријавиле значителна штета или жртви.

притисни ентер