Санкционирани 90 мотоциклисти на територија на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18 до 23 часот, полициски службеници спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола.

При тоа се изречени 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола.

Исто така, како што соопштуваат од МВР, во периодот од 23 до 02 часот, на подрачјето на Битола за време на спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол санкционирани се пет возачи.

ЈСП Скопје: Возрасните лица имаат право на бесплатен превоз на Жичарницата

Оодредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата, информираат од Јавното сообраќајно претпријатије Скопје. 

-Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.

Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.

И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.

На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.

Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.

Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Вигенин: Нема потреба Собранието да носи нова декларација за Македонија, кога нема нов момент

Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, смета дека заклучоците на Советот би можеле потоа да бидат поддржани со одлука на Собранието или Владата на Бугарија.

Неопходно е да се свика ново заседание на бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност посветено на темата за Македонија, бидејќи тоа прашање е „доволно контроверзно" и само претседателот на Бугарија, Румен Радев може да ги собере сите партии на една маса за да разговараат за него, изјави потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин.

Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, смета дека заклучоците на Советот би можеле потоа да бидат поддржани со одлука на Собранието или Владата на Бугарија.

– Да видиме дали имаме нешто конструктивно и позитивно со што можеме да излеземе и што ќе го гарантира нашиот долгорочен интерес како држава, истакна Вигенин во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Запрашан дали бугарското Собрание би требало да донесе нова декларација во врска „со прашањето за Република Македонија", Вигенин вели дека не знае дали е време за нешто такво, во услови кога нема нов момент во однос на темата.

Тој сепак смета дека е неприфатлив ставот на премиерот на Бугарија, Кирил Петков да се свика ново заседание на Советот само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи".

Вигенин смета дека во моментов Бугарија нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, бидејќи, како што вели, до „денешниот датум не е постигнат никаков напредок".

– Денеска немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели. Тоа е ставот на БСП, додаде Вигенин.

БСП, чиј лидер е вицепремиерката и министерка за економија и индустрија Корнелија Нинова, е втора по големина партија во бугарската владина коалиција, предводена од Продолжуваме со промената на премиерот Кирил Петков.

Стоилковски: Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир,имало потерница за затвор?

Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, ослободен по пукање, имало потерница за затвор?

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната?

Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!

Почитувани,

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?

Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер