Санкционирани 256 возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 256 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот

Мицкоски до Ковачевски: Водењето држава не се става во ексел табела

Кога сме кај табелите повторно сме меѓу најкорумпираните држави во Европа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните.

А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За брзо возење 101 казна на територијата на цела држава

Санкционирани се 101 возач во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, соопштија денеска од МВР, четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Милановиќ: Хрватска нема намера да војува за „корумпираната Украина“

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, изјави дека не знае ништо за можниот судир во Украина.

Тој потенцираше дека неговата земја нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.

притисни ентер