Санкции за 154 возачи во Скопје, 19 немале возачка, 11 користеле мобилен при возење

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 154 мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив, 19 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки биле изречени за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Единаесет санкции имало поради користење мобилен телефон при возењето. Изречени биле девет мерки за некористење сигурносен појас, исто толку санкции и за минување на затворен сигнал - црвено светло.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се нагласува во соопштението на МВР.

Османи: Стоиме со семејствата на жртвите и со целиот народ на Македонија во ова тешко време

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи.

Таа изрази сочувство и во името на косовскиот народ велејќи дека се со семејствата на жртвите и со целиот народ на Македонија во ова тешко време.

- Вие сте во нашите мисли и молитви, напиша Османи

Незапаметена трагедија во Кочани: 59 лице загинаа, а 155 се повредени во пожар во дискотека

Според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип.

Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во болниците во државата.

-Од страна на МВР во координација со јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата, изјави Тошковски.

Министерот истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.

Во „Св.Наум Охридски" се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.  

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски"-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години.

- Двајца пациенти се на респиратор, уште двајца потенцијално можат да завршат на респиратор, а останатите се во стабилна здравствена состојба, информира Настов.

Информира дека степенот на изгорениците се од седум до 60 проценти. Најголем дел од изгорениците се во пределот на главата, вратот и лицето.

Настов истакна дека доколку има потреба подготвени се да упатат пациенти во соседните држави кои се понудиле да помагаат.

Пациентите и семејствата на повредените пациенти го посети и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази сочувство и побрзо оздравување. Се заблагодари на целиот медицински тим за брзата реакција.

притисни ентер