Математичарка од Кембриџ без тренер и клуб освои олимписко злато и го шокира светот (ФОТО)

Ана Кисенхофер не била глобално позната спортистка пред Олимпијадата, но влезе во историјата во Токио и освои злато во велосипедизмот, во дисциплината трки на патишта.

Нејзината животна приказна е фасцинантна, а светските медиуми пренесуваат дека тоа е едно од најголемите изненадувања во историјата на Игрите. Имено, шансите за нејзина победа кај повеќето светски обложувалници биле поголеми од 500, и според тој критериумот таа била убедливо најмалата фаворитка за подиумот.

Ваквите предвидувања можеби не се невообичаени со оглед на тоа што австриската велосипедистка пристигна на Игрите како 94 -ти на светската ранг -листа. Пред пет години, таа го освои својот прв аматерски турнир во Шпанија, на 25 -годишна возраст. Таа наскоро потпишала професионален договор со Лото Судал Дами, но во 2017 година се откажала од спортување. Две години подоцна се вратила како аматер.

Така, Кисенхофер пристигнала на Игрите без договор со професионален клуб, но и без тренер. Таа се подготвувала за натпреварот, со уште неколку аматери, далеку од идејата за каков било медал. "Порано имав тренери, а сега се правам сама. Тренирам, се грижам за исхраната и закрепнувањето. Направив план за трката. Знаев точно како да започнам, од каде ќе се обидам да ги нападнам конкурењнтите и што би јадела пред трката “, рече таа по историскиот успех.

Сцената од крајот на трката долга 137 километри е можеби најдобриот доказ за тоа колку е бизарна нејзината победа. Имено, уште четири велосипедисти влегле со неа во последната етапа од трката. Мислеле дека борбата за медали е само меѓу нив и не ни знаеле дека Кисенхофер е пред нив. Во еден момент таа имала предност од дури пет минути.

Така, Холанѓанката Анемиек ван Влејтен, втора во рангирањето, влегла во финишот славејќи со кренати раце, мислејќи дека штотуку го освоила олимпиското злато. Во реалноста, таа заостанувала минута и половина зад Австријката и морала да се задоволи со сребрениот медал.

За да ја заврши приказната за чудото, Кисенхофер е дипломирана математичарка од Кембриџ. Пред осум години, таа докторирала на Универзитетот во Барселона. Интересно, оваа година таа спровела истражување за влијанието на топлината врз човечкото тело под напор, а голем дел од јавноста верува дека поради тоа се подготвила многу подобро од конкуренцијата за тешките услови во Токио.

Кисенхофер нема да стане професионалец ниту по најголемото злато во светот на спортот. "Штом сум на целта значи дека сум подготвена и сакам да победам, но исто така сум реална. Пред Игрите ги анализирав моите шанси и би била среќна да бидам меѓу најдобрите 25. Ова сеуште е незамисливо за мене, дека го земав златниот медал. Не сакам професионална кариера, без оглед на успехот. Сакам да уживам во возењето велосипед и мислам дека ќе возам на пробно возење “, рече креаторката на најголемото чудо на Игрите.

Патем, за Австрија го освои првото злато од Летните олимписки игри во Атина во 2004 година и првото злато во велосипедизам од Игрите во 1896 година.

Најмалку четворица загинати во престрелки во американската држава Мериленд (ВИДЕО)

Најмалку четири лица се убиени, а уште две се во критична состојба по престрелките што се случија во петокот вечерта и рано утрово во округот Принц Џорџ, во американската држава Мериленд, соопштија локалните власти.

Полицијата пронашла три жени со прострелни рани во градот Хајатсвил во петокот вечерта околу 22:50 часот, објави окружната полиција на Твитер.

Едната била прогласена за мртва на местото на инцидентот, додека другата починала при приемот во болница, а третата е во критична состојба, објави Ен -Би -Си Њуз.

По помалку од еден час, полицијата повторно се огласи на Твитер, пишувајќи дека пронашле маж со прострелни рани на речиси два километри од првиот инцидент.Тој бил прогласен за мртов на лице место.

На 16 километри од таму, уште една жена и еден маж биле пронајдени во комбе утрово околу 3,25 часот, соопштиле локалните власти.Мажот бил мртов, а жената била префрлена во болница со повреди опасни по живот, откако била застрелана.

Сеуште не е познато дали пукањата се поврзани, а детективите се обидуваат да ги пронајдат осомничените и да ги откријат мотивите.

Германка на 52 години освои олимписко злато, првиот медал го добила пред 21 година

Изабел Верт можеби не е глобално позната спортистка, но таа е убедливо најдобра во она што го работи.

Оваа неверојатна 52-годишна Германка освои злато и сребро во коњички спортови во Токио.

Фактот дека ова биле нејзини единаесетти и дванаесетти олимписки медали во нејзиниот живот, кажува колку е неверојатен нејзиниот успех. Таа го имала својот прв настап на Игрите во 1992 година во Барселона. Освоила седум златни и пет сребрени медали на тој натпревар. Таа освојувала по најмалку два медали на секоја Олимпијада, освен во Атина во 2004 година.

Таа ја потврдила титулата како најуспешна во историјата и на други турнири. Верт освоила 14 златни, пет сребрени и седум бронзени медали на светските првенства. Таа била европски шампион 20 пати, со три сребрени и една бронза.

притисни ентер