Самоил Малчески и Љупчо Ристовски во „Само вистина“

Драги сограѓани вечерва во Само Вистина секој со својата ќе дебатираат Самоил Малчески и Љупчо Ристовски.

Политички игри или игри на нерви, дали и кој треба да одговара за хаосот со личните документи?

Кому граѓаните ќе му го испорачаат револтот на изборите?

А изборниот барабан „врти на најјако“ проевропски или проруски тркачи, можни коалициски бракови, битка за гласови, но, кој што сработи?

Кој ќе ја составува идната влада, ќе се напушти ли „мајскиот договор“?

Дали епидемиската корупција ќе не’ однесе до ЕУ?

Вечерва во Само Вистина, Елизабета Галевска со Самоил Малчески и Љупчо Ристовски, веднаш по вестите.

ВМРО-ДПМНЕ: 7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери

СДС е во целосен хаос и без компас, наместо да манипулираат со јавноста да си ја консолидираат партијата.

7 години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери.

7 години СДС не купи ниту едно противпожарно возило, во време на СДС пожари се гасеа со децениски стари возила. Бесмислени се соопштенијата на СДС кои направија историски грабеж и ја оставија празна државната каса.

СДС ја остави државата без пилоти, па мораше да се носат пензионирани пилоти и да се потпишуваат договори со нив за да можат авионите да летаат и да се гасат пожарите.

Апсурдно е СДС да зборува за одговорност и безбедност а во редови на СДС се уште седат бандити и криминалци.

СДС е демолирана партија во чии структури владее хаос и немаат расчистено со криминалот во сопствените структури.

СДС најмалку има право да зборува за безбедноста бидејќи во нивно време криминалци и бандите владееа со улиците.

Денес за разлика од претходно постои одговорност. За прв пат се фатени сторители на убиство во центарот на Скопје. Со СДС имаше пукања и убиства а сторителите никогаш не беа фатени и се шетаа слободни.

Сега за разлика од претходно се делува веднаш, а криминалците не гледаат повеќе соработник со МВР како што беше во времето на Спасовски.

Сега пред се има одговорност за секого а во време на СДС полицајци беа тепани од функционери на ДУИ па мораа да даваат изјави дека се удриле од пајак службата на ЈП Паркинзи.

СДС наместо да ја манипулираат јавноста, да си ја консолидираат партијата на која што рејтингот и е во слободен пад.

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

ВМРО-ДПМНЕ

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото. 

Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.

Во извештајот се наведува дека курсот на домашната валута останува стабилен и се нотира заложбата и капацитетот на Народната банка за задржување на оваа стратегија и во следниот период. Нивото на девизните резерви е оценето како соодветно, со 4,5 милијарди евра во август годинава, при што во однос на надворешниот сектор како позитивна карактеристика се констатира и значајната улога на странските директни инвестиции во финансирањето на дефицитот на тековната сметка.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич констатира дека банкарскиот сектор е стабилен, односно добро капитализиран и ликвиден. Според Агенцијата, воведувањето на макропрудентните мерки во 2023 година доведе до понатамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот сектор и до извесна стабилизација на растот на станбените кредити на околу 10%, како и на одредено олабавување на растот на цените на недвижнините. Зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот придонесе кон унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор.

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Трипуновски на чело, ги остави на цедило оризопроизводителите.

Пред само неколку дена Трипуновски во Кочани вети навремен и непречен откуп на оризот, но ниту е навремен, ниту е непречен. Откуп нема!

Жетвата на ориз започнува, но нема никаква најава за почеток на откуп. Оризопроизводителите ќе треба да трпат заради неодговорноста на државните институции.

Дали Трипуновски планира да реагира и да ги исполни ветувањата или ќе ги остави оризопроизводителите само да се снаоѓаат?

Бараме Владата да ги помогне оризопроизводителите со дополнителни 7 денари за килограм за предадена оризова арпа кај преработувачи.

Нашето барање е издржано и во интерес на земјоделците, а работа на Трипуновски е да ја реализира оваа мерка.

Бараме веднаш да се започне со откуп на оризовата арпа во поголеми количини бидејки земјоделците немаат каде да го чуваат оризот.

Според нашите информации, од годинешната жетва се очекува род од околу 22 до 23.00 тони оризова арпа, за која денес цените се ниски. Откупбата цена денес за ситниот ориз е 25 денари за килограм а за „Андреата“ е 35денари за новата жетва се најавува уште пониска цена.

ВМРО ДПМНЕ демонстрира вистинска негрижа за цел еден земјоделски сектор. Да потсетиме дека во времето на Владата на СДСМ, нашето македонско бело злато – оризот конечно се внесе листата на стратешки важни култури за државата.За 300% се зголемија субвенциите за ориз, оризопроизводителите добија 100% покривање на трошоците за зелена нафта, за прв пат се воведе мерка за специјализирани комабајни за ориз, се обнови Институт за ориз.

Ова е вистинска грижа за секој еден земјоделец, напроти безидејноста и незаинтересиораноста на ВМРО ДПМНЕ.

Иле Малинов од ОО СДСМ Кочани

притисни ентер