Само три илјади лица од дијаспората се самопишале од 5 септември досега

Попишувачкиот залет на дијаспората драстично се намали. 

Вкупниот број на самопопишани во дијаспората досега изнесува нешто над 190 илјади, но оваа бројка стагнира. Откако почна пописот во Македонија, се самопопишале околу 3.000 луѓе..

Од Заводот за статистика велат дека во последните 6 дена, веб-страниците на Заводот каде што се наоѓа линкот за самопопишување, била под постојани напади и во овие денови беше отежнат пристапот до овие веб-страници, а со самото тоа и до апликацијата. Но, првиот човек Апостол Симовски уверува дека проблемот е надминат..

-Имав доста јавувања и од Американскиот и од Европскиот и од Австралискиот континент, во комуникација сме, на сите им е јавено дека е се во ред дека можат луѓето да се попишат и им се извинувам на сите тие што се убедувале до сега, ама не е тоа наша вина, сега ја имаат таа можност да се попишат, вели Апостол Симовски.

Методија Колоски, претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, од Вашингтон за Канал 5 вели дека не очекува драстичен скок на попишување вон границите. Тоа се должи на намалената активност на надлежните за надворешна политика, а дел може да се препише и на 30 годишните политики, вели Колоски кој упати поддршка кон статистичката операција.

-Дефинитнивно се гледа поголема ангажираност и активност во Европа, европските земји, не толку во Америка, Канада и Австралија и тоа можеби е поради тоа што еве во Америка немаме амбасадор, нема во Канада, во Австралија само што се назначи, нема голема активност на информираност од страна на МНР кон македонските граѓани.

До крајот на пописот и кај нас и на самопопишувањето на дијаспората има уште 9 дена... Во земјава досега се попишани над 1,2 милиони граѓани и според Симовски, темпото е задоволително и нема пречки попиост да заврши успешно..

-Секогаш е можно да се случуваат проблеми, ги немаме во овој момент и се одвива без проблеми пописот секаде, на целата територија, добро е темпото и апсолутно со ова темпо очекуваме да го завршиме во рок пописот на целата територија на државата, вели Апостол Симовски.

Хакерските напади и проблемите со апликацијата според Симовски се надминати, единствен минорен проблем, како што вели, се неколку стотици граѓани кои што одбиваат да се попишат. Првиот човек на ДЗС вели дека ќе има уште обиди да ги предомислат овие граѓани, а последна опција е користењето на поригорозните механизми кои што се во нивна ингеренција.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер