Само осум проценти од кандидатите за градоначалници се жени

Локални избори со родова неедаквост меѓу кандидатите – само 8,81 отсто од вкупниот број предложени за градоначалници се жени, а политичките партии имаат близу 200 кандидати мажи. 

СДСМ има пет кандидатки, ВМРО-ДПМНЕ четири, ДУИ само една, а Алијанса за Албанците и БЕСА ниту една жена кандидатка. За разлика од градоначалничите кандидатури, партиите им даваат повеќе простор на жените во Советите, 45 отсто се кандидатки, но потребни се законски измени и за задолжителна квота за кандидатите за градоначалници, оценуваат од здружението Маргини. Според нив мажите доброволно не им отстапуваат простор на жените во политиката, па затоа е потребно балансирано учество и во раководствата на политичките партии.

За унапредувањето на родовата еднаквост во Македонија се зборува долго, но и понатаму секој извештај покажува дека жените немаат еднакви права со мажите, немаат еднакво учество во политичкиот живот и носење на одлуки. На конференција на тема Ковид 19 и економското влијание врз жените, министерката за труд и социјална политика Шахпаска денеска рече изминатата година ипол покажала дека жените доминантно го носат товарот од здравствената криза.

-Фактот дека 74 проценти од здравствените работници се жени говори за нивното присуство во првите борбени редови во справување со пандемијата. Во градинките, во образованието, во трговијата, каде доминантно се вработени жени се покажа нивната храброст и упорност. – Јагода Шахапска – министер за труд и социјална политика.

Од здружението Маргини се согласуваат дека жените се најмногу застапени во образованието, но само во градинките. Во повисоките образовни нивоа, на факултетите каде што професорите земаат повисоки плати, повторно доминираат мажите.

Спасена е една од киднапираните ученички во Нигерија, родила 3 деца во заложништво (ВИДЕО)

Девојката Лидија Сајмон, која била киднапирана од училиште заедно со стотици други за време на рацијата на екстремистите пред десет години во североисточна Нигерија, е спасено заедно со нејзините три деца, соопшти денеска нигериската армија.

Сајмон, која е во петтиот месец од бременоста, била спасена од нигериски војници во областа Гвоза во државата Борно, каде властите 15 години се борат против исламските екстремисти, се вели во военото соопштение, пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Објавата е придружена со слика на Сајмон и нејзините деца кои имаат меѓу две и четири години.

Таа допрва треба да се сретне со своето семејство.

Сајмон била меѓу 276-те девојчиња киднапирани од училиште во нигериското село Чибок во април 2014 година во екот на екстремистичкото насилство во регионот.

Околу 82 се уште се во заробеништво.

Нигериската војска не соопштила како Сајмон била ослободена, освен дека била спасена во Нгоше, 130 километри северно од главниот град на државата Борно, Мајдугури.

Што се случило со стомакот на Џенифер Лопез? (ФОТО)

Џенифер Лопез (54) е фотографирана од папараците за време на прошетка во Њујорк, а фотографиите го обиколуваат светот и сите се прашуваат што се случило со стомакот на латино дивата.

Сите сме виделе безброј фотографии од Лопез како го покажува својот стомак, многу од нив по пристигнувањето или излегувањето од теретана, но таа никогаш досега не изгледала вака.

Одредени медиуми пренесуваат дека Џенифер неодамна ослабела, па и нејзината кожа се опуштила, а тоа е токму резултат на изгледот на нејзиниот стомак.

Таравари од Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. 

Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.

„ Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“. – преземено од говорот на Арбен Таравар на централниот митинг во Струга, се наведува во соопштението од неговиот тим.

притисни ентер