Самитот во Виена: Иднината на Европа е со Западен Балкан

​ Иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан, е бесмислено. 

Крајно време е Европската Унија да го исполни сопственото ветување за почеток на преговори откако С Македонија ги исполни сите услови. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот. Ова се дел од пораките кои премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ги испорачаа вчера на Самитот за Западен Балкан во Виена.

Заев на Самитот во кој учествуваше на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц, изрази надеж оваа година да биде година за паметење, во која ќе биде направен силен исчекор напред со почеток на преговорите за Македонија и Албанија, јасен европски прогрес за Србија и Црна Гора, и чиста европска перспектива за Косово и БиХ.

Така, напомена, ќе се испрати силна порака до граѓаните на регионот дека Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ.

Како што потенцираше, иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.

Според премиерот, ние сега имаме солидна поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која како што напомена, е потврдена од повеќемина европски лидери.

-Затоа, сега е многу важно, и во пресрет на конференцијата, иднината на Европа, политичките гласови за вредностите на обединета Европа, како во земјите-членки, така и во земјите за проширување, да бидат многу погласни, истакна Заев.

Тој уште еднаш повтори и дека јасната перспектива на земјите од Западен Балкан за остварување на нивните цели за членство во ЕУ значат одржување и засилување на темпото на спроведување на реформите на нивните општества.

Воедно, изрази и задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.

-Затоа, да ја направиме заеднички 2021-ва година за паметење, во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме, порача Заев.

Според него, со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на ЕУ кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Заев во своето обраќање ја напомена и поддршката од Бугарија, за што рече дека македонско-бугарскиот пријателски дијалог е повторно на сила.

-Вклучително и Бугарија потврди дека нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност се неспорни. Затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитекските различности на нациите на европскиот континент, рече премиерот.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на Самитот посочи дека е крајно време ЕУ да го исполни ветувањето кон Северна Македонија.

-Крајно време е Европската Унија да испорача кон Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови. Крајно време е за добри вести и прогрес по европскиот пат за целиот регион​, рече Димитров.

Новата методологија за пристапни преговори, посочи вицепремиерот, може да внесе нова динамика и поголема веродостојност на пристапниот процес само ако е правилно применета, за што е потребна заемна посветеност – и на земјите кандидати и на ЕУ.

-Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни, истакна Димитров.

Тематскиот панел беше фокусиран на размена на мислења за процесот на проширување на Европската Унија, при што се дискутирало за предизвиците во пристапниот процес на регионот во светлото на новата методологија за преговори, користењето на фондовите од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и стратешката комуникација на ЕУ со регионот.

И австрискиот канцелар Себастијан Курц по средбата на Самитот соопшти дека Македонија сработи одлично на патот на евроинтеграциите.

Според канцеларот Курц, потребно е да се исполнат ветувањата и брзо да се започнат пристапните прегоговори.

Инаку, меѓу земјите членки на Европската Унија има „огромна" поддршка за предлогот што го поднесе португалското претседателство неодамна за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, потврдија вчера дипломатските извори за МИА.

За неколку дена министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург каде ќе дебатираат за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија и одржувањето на првите Меѓувладини конференции со овие две земји.

-Португалскиот предлог има за цел да го отвори патот за изнаоѓање прифатливо решение кое ќе ги земе предвид преокупациите на земјата членка и на земјата кандидат, но се разбира дека е суштински да се земат предвид преокупациите и на сите други земји во Советот, одлуката се носи едногласно, објасни за МИА висок ЕУ дипломат инволвиран во процесот.

На последниот амбасадорски состанок на почеток на оваа недела помеѓу земјите членки на ЕУ се разговарало исто така за Северна Македонија и дипломатите потврдуваат дека поддршката за португалскиот предлог е многу голема.

Повеќето земји членки на ЕУ исто така оценуваат дека Тирана и Скопје не треба да бидат одвоени.

Инаку, македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев, но и вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, завчера на средбата со бугарскиот државен врв во Софија посочи дека решението на билатералното прашање мора да води грижа за интересите на двете страни.

И македонската и бугарската страна средбите во Софија ги оцениле како значаен исчекор што ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања, на кои двете страни ќе посветат сериозно внимание и заедно ќе работат низ отворен и искрен дијалог.

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

Тамара починала додека 12 часа чекала доктор да ја прегледа во Итната помош во Британија

Тамара Дејвис (31) починала откако 12 часа била оставена во инвалидска количка во болницата во Сасекс во Велика Британија каде таа и нејзиното семејство биле сведоци на сцени „налик на војна“.

Семејството жената која починала откако поминала 12 часа на болничка количка рече дека одделението изгледало како „сцена од воена зона“. Тврдат дека 30 пациенти со видливи повреди лежеле на носилки и во ходниците.

„Таму беше апсолутен масакр. Беше како медицинска воена зона. Имаше 30 луѓе на колички кои чекаа соодветен третман и повеќе луѓе на подот и седиштата. Беше тотален хаос“, рече мајката на Тамара.

Вечерта на 10 декември 2022 година, Тамара Дејвис била однесена со автомобил во болницата во округот Сасекс откако се пожалила на тешкотии со дишењето.

На рочиштето на истражниот суд во Брајтон Сити беше кажано дека нејзиниот партнер, Рафаел Ифил, направил пет очајнички повици на 999 за да се обиде да добие брза помош. Кога тие не одговориле, тој го натерал својот брат да ја вози Тамара до болницата во округот Сасекс.

"Раф не можеше да добие брза помош. Помина два часа обидувајќи се да добие. Пет пати се јави и не ги доби", додала мајката.

Веднаш била испратена во област каде ѝ дале кислород пред да ја однесат до ходникот каде што чекала повеќе од 10 часа. Нејзината уништена помлада сестра Мија (25), која веднаш дошла во болница за да биде со неа, рече дека персоналот едноставно заборавил на нејзината сестра.

„Требаше да се грижат за неа, но едноставно заборавија на неа и таа остана свиткана во количка во ходникот. Се чувствувавме беспомошни. Беше лудо. Тие ѝ дадоа антибиотици, но потоа не успеаја да ѝ дадат уште една доза, иако тоа го напишаа во нејзините белешки. Подоцна беше пречкртано, но нема објаснување зошто и нема иницијали до пречкртаниот запис. Се чинеше дека имало моменти кога сестра ми ја третирале како товар. Ниту една медицинска сестра, лекар или вратар не ја погледна“, рече Мија.

Состојбата на Тамара продолжила да се влошува и на крајот била примена на интензивна нега каде што била ставена на респиратор, но починала три дена подоцна на 13 декември поради сепса и нејзините органи постепено откажуваа.

Со скршено срце изјави дека Тамара „колабрирала“ во болница и починала по „одвратното“ лекување во болницата Сасекс. Велат дека нејзината смрт можела да биде спречена доколку добиела соодветна нега во Итната помош и дека не успеале да ја лекуваат во болница.

„Никогаш не сум почувствувала како ми се крши срцето како кога ми рекоа дека сестра ми нема да се опорави. Тоа беше како последователна мисла. Таа беше оставена, речиси заборавена. Третманот со сестра ми беше ужасен. Никој не дојде да провери. Никој не застана да праша дали имаме сè што ни е потребно или дали ѝ е удобно. Срцето ми се крши кога знам дека нејзината смрт можеше да се спречи ако ја добиеше грижата и вниманието што ѝ требаше.“

Смртта ќе биде предмет на целосна истрага откако Џоан Ендрјус, судски вештак за Западен Сасекс, Брајтон и Хов, рече дека има причина да се сомнева дека нејзината смрт е „неприродна“.

По краткото сослушување, семејството рече дека сака објаснување зошто лекарите „не“ и пружиле соодветна грижа.

"Сакам одговори. Апсолутно е одвратно што не успеаја да се грижат за неа како што треба. Поразително е да се знае дека ако ја завршеа својата работа, таа ќе беше тука", рекла мајката.

„Разговаравме директно со семејството на Тамара за да изразиме сочувство“, рече д-р Енди Хипс, главен оперативен директор во Универзитетските болници Сасекс NHS Foundation Trust.

„Не можам јавно да зборувам за грижата за Тамара, но генерално кажано, нема сомнеж дека нашиот персонал понекогаш мора да работи под голем притисок, во тешки околности, но тие секогаш ќе дадат сѐ од себе за да обезбедат грижа, сочувство и достоинство на своите пациенти. “ додаде докторот.

Истрагата ќе продолжи и прелиминарниот датум со последните информации е 28 јуни.

Леонардо ДиКаприо со девојка, која носи прстен на левата рака- ќе се смири ли вечниот ерген?

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето.

Познато е дека Леонардо ди Каприо ја прекинува врската штом неговата партнерка наполни 25 години, но се чини дека 25-годишната Италијанка Виторија Черети успеа да му го улови срцето, а поради новите фотографии фановите се убедени дека холивудскиот ерген би можел наскоро застанете пред олтар.

Актерот и манекенката беа фотографирани на средба во Беверли Хилс, каде што се почестија со бурито во киоск за брза храна на улица.

Вниманието го украде новиот прстен на левата рака, по што веднаш почнаа да кружат гласини за свршувачката на парот кои се заедно девет месеци.

Инаку, Виторија е успешна манекенка. Таа носеше ревии за брендовите Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger...

Во 2020 година, таа се омажила за Матео Милери, италијански диџеј. Не е познато дека парот се развел, а манекенката се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, па многумина се прашуваат дали Ди Каприо е причината поради која нивниот брак завршил.

притисни ентер