Самит на НАТО во Брисел со прво учество на Македонија како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува Самит на НАТО, на кој Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев.

Ова е прва средба на шефовите на држави или влади на членките на Алијансата на која Македонија учествува како полноправна членка на НАТО.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, лидерите на 30-те земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици.

Целта на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е лидерите да се усогласат за „амбициозна" агенда за 2030-та година во однос на безбедноста и одбраната. Тој на лидерите ќе им претстави низа предлози, вклучително и зајакнување на политичката димензија на Алијансата, како и засилување на колективната одбрана и отпорноста на земјите членки во однос на инфраструктурата.

Сајбер безбедноста, климатските промени и секако зголемувањето на буџетските стапки на земјите членки за одбраната, ќе бидат меѓу најважните теми на дискусија. Односите со Русија и Кина исто така ќе бидат меѓу клучните теми за разговор, посебно како НАТО да се постави во однос на подемот на овие две светски сили.

Столтенберг го поздрави фактот што од 2014-та, земјите членки на Алијансата постојано го зголемуваат буџетот за одбраната, а до 2024-та сите 30 земји се заложија да постигнат два отсто од бруто домашниот производ наменет за воени цели.

– Сите предизвици бараат постојано зголемување на инвестициите во одбраната. Последните седум години по ред се зголемени расходите за одбраната, додадени се 260 милијарди долари од 2014, но треба да инвестираме уште повеќе за да ја постигнеме нашата висока амбиција, рече шефот на Алијанса во петокот.

Тој се повика на последните анкети на јавното мислење, спроведени од НАТО, но и од Пју Рисрч, кои покажуваат висока поддршка на граѓаните за Алијансата и за соработката помеѓу Европа и Северна Америка.

– Уверен сум дека ќе се усогласиме за амбициозна и напредна агенда 2030 која ќе биде одраз на високата амбиција што ја имаме за Алијансата затоа што се соочуваме со големи безбедносни предизвици, рече Столтенберг, додавајќи дека граѓаните на Европа и Северна Америка треба да „останат безбедни". /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер