Сајкоски: Општина Демир Хисар добива модерен, современ и урбан изглед

Општина Демир Хисар добива модерен, современ и урбан изглед благодарение на работата, на активноста и посветеноста на градоначалникот, на советниците на Општина Демир Хисар, но и општинската администрација.

Во минатото беа реализирани безброј проекти кои што се круцијално значајни за жителите на општина Демир Хисар.

Но, морам да истакнам дека само пред шест месеци се ветија исто така проекти кои што навистина ќе ја направат општина Демир Хисар да добие посебен изглед. Тоа е реализацијата на Градскиот парк кој што беше ветен и отпочна работа на Градскиот парк. Исто многу значаен проект кој што многу значи за граѓаните на Демир Хисар бидејќи ќе ја зголеми безбедноста на жителите од овој град е реализација на пешачката патека на улица „Битолска“. Источниот дел од улица „Битолска“ ќе добие пешачка патека.

Но, Општина Демир Хисар исто така реализира проекти кои што се и за останатите населени места, кои се во околината на градот Демир Хисар. А, тоа се населеното место Прибилци, населеното место Вардино и населеното место Сопотница добиваат по две улици кои што беа многу значајни за жителите на овие населени места бидејќи го подобруваат квалитетот на живот на овие граѓани, меѓутоа и ја зголемува вредноста и на нивните имоти.

Општина Демир Хисар прераснува навистина во еден значаен центар во овој регион кој што го смени својот изглед од пред доаѓањето на локалната власт на сегашниот градоначалник Никола, кој посветено работи и реализира проекти кои и што не беа ветени во програмата.

А, она што беше ветено во изминатиот период е веќе реализирано за две ипол години, објав на ФБЃорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании, нешто кое ќе влијае позитивно не само за бизнисот, туку и Бруто домашниот производ, но пред се за отворање на нови работни места.

Премиерот Мицкоски појасни дека компаниите нема да добијат само 250 милиони евра поддршка обезбедени од Унгарија, туку целта е да се креира еден систем кој ќе функционира не од денес за утре, туку и во иднина, како и тоа дека компаниите нема да се делат, туку пари ќе добијат сите кои исполнуваат услови.

„Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека се работи за еден комплексен процес кој не е за политички поени или популизам, туку целта е да како држава бидеме водечка во регионот, а не на дното и да гледаме како другите не претркуваат.

„Што се однесува до другиот дијалог со синдикатот ние стоиме на располагање, ќе разговараме и мораме да водиме сметка за иднината на држава, а, затоа што ако немаме здрава економија ќе немаме ни вработени, тоа е многу важно, затоа што колку повеќе се празни државата толку помали ќе се приходите во буџетот, толку помалку пари за плати, пензии, капитални инвестиции, поддршка. Тоа е еден систем, ние мораме тој систем да го организираме да функционира беспрекорно ако сакаме сите заедно да бидеме среќни, тука нема кој добил или изгубил, еден ако изгуби, сите губиме. Мора низ дијалог да седнеме да направиме систем кој ќе функционира и во иднина“, потенцираше премиерот Мицкоски, соопштија од Владата.

ОЈО бара на Палевски да му се суди заедно со другите обвинети

На Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, да му се суди заедно со другите обвинети бара скопското обвинителство. 

Оттаму потврдија и дека на Палевски му е доставено известувањето за завршена истрага и сега тече рокот од 15 дена да изврши увид во доказите.

По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети—ЈОРМ.

Марјан Витановски, адвокатот на Палевски во телефонски разговор за Канал 5 рече дека да се води единствена постапка е подобро за нив како одбрана, а бидејќи како што рече досега немале можност, побарале увид во доказите на обвинителството.

-За нас како одбрана е подобро да се води единствена постапка. Сите докази на одбраната ќе бидат доставени до Судот пред почетокот на главната расправа, а се работи за докази во поткрепа на изјавата на осомничниот дадена на записник пред јавниот обвинител,- -Марјан Витановска – Адвокат.

Со извесното спојување на двата предмети, одвоена останува постапката единствено против уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Станува збор за Стефан Димовски, кој го возел Палевски од Србија преку Бугарија до Турција. Засега останува закажаното рочиште за во вторник против четворицата обвинети Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат за кривични дела убиство и грабнување, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за кривично дело помагање при грабнување. Од Кривичниот суд велат дека дополнително ќе известат како ќе тече целиот процес.

Филипче признава дека погрешиле со измените во Кривичниот законик - Мицкоски најави нов законик

Новоизбраниот лидер на СДСМ Венко Филипче признава дека погрешиле со донесувањето за измените во Кривичниот законик. 

Ја повика владата да го усвои новиот кривичен законик, кој е веќе подготвен од страна на експертската работна група предводена од академик Камбовски и истиот да биде ставен на увид на јавноста. Ова Филипче го посочи на днешниот брифинг со новинарите, од каде порача дека СДСМ е повторно во форма, најавувајќи и нова стратегија на дејствување на партијата.

На повикот од Бихачка експресно одговори премеирот Мицкоски. Најави дека нов Кривичен закон ќе се носи но по европски стандарди, а не мерка на партите. Ја обвини опозцијата дека со актуелниот Кривичен законик се амнестирале од криминалите кои се правеле и ги праша дали од сопстевн џеб ќе ги покријат трошоците од оштетите на веќе застарените дела.

Измените на Кривичниот законик експресно беа донесени лани во септември, а за нив гласа пратениците од тогашните владеачки партии СДСМ и ДУИ. Ваквите законски измени овозможија намување на затворските казни за кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување. Тоа доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери, а законот беше мета и на низ критики од Меѓународната заедница.

притисни ентер