САД под притисок на сојузниците

САД ќе ја преиспитуваат програмата за надзор на Националната агенција за безбедност.

Ова го сооопшти портпаролот на Стејт департментот, објаснувајќи дека тоа ќе се прави во соработка со меѓународните партнери.

Од Стејт департментот не сакаа да одговорат кои се другите светски лидери кои освен германската канцеларка Ангела Меркел, се на листата на прислушуваните од страна на Агенцијата. Признаваата дека во медиумите може да се очекуваат нови обвинувања, имајќи предвид дека поранешниот вработен во Агенцијата, Едвард Сноуден, поседува голем број документи.

Исто така, оттаму ги потврдуваат тензиите што постојат меѓу Вашингтон и сојузниците, и дека следните неколку недели во САД ќе дојде германска делегација која ги истражува наводите за прислушувањето на Меркел.


Лице лишено од слобода за нарушување на јавниот ред и мир во Скопје

Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

По отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов", кога лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информираше денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.

Во Битола до 11 часот излезност на изборите од 21,5 во Демир Хисар 21,1, а во Ресен 14,3 отсто

 Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар и Ресен информираат дека изборниот процес во овие подрачја се одвива без проблеми и демократски.

До 11 часот, како што информираат, во Битола гласале 21,5, во Демир Хисар 21,1, а во Ресен 14,3 отсто од гласачите. Сите учесници ги почитуваат мерките за здравствена заштита, велат од избирачките одбори.

До 11 часот гласале 23,3 отсто гевгеличани

 Гевгеличани до 11 часот ја удвоија излезеноста на вонредните парламентарни избори во однос на 9 часот.

Според Општинската изборна комисија Гевгелија, до 11 часот на 37 избирачки места својот глас го дале повеќе од 4000 гласачи што е 23,3 отсто излезеност.

Во општина Валандово правото на глас до 11 часот го искористиле 1491 граѓанин или 15,4 отсто од гласачкото тело.

Во општина Богданци гласале 1101 граѓанин или 16,5 отсто, а во општина Дојран на осумте гласачки места излегле 479 граѓани што претставува излезеност од 17,8 отсто.

Гласачкиот процес се одвива мирно и без регистрирани неправилности.

притисни ентер