САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор - Канал 5

САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

Во екот на предизборната кампања, во која односите со соседите заземаат централно место, американскиот Стејт Департмент порачува – Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа. 

САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Преспанскиот договор

На прашање на Гласот на Америка на македонски, дали Вашингтон е загрижен за можно поткупување на спогодбата со Грција, портпарол на Стејт департментот вели:

-Исто како што САД остануваат посветени на Договорот од Преспа, ние очекуваме С.Македонија да го одржи овој дух и јавниот дискурс да остане базиран на факти и вкоренет во посветеноста на иднината на С.Македонија во ЕУ, го пренесува ставот на Стејт департментот, Гласот на Америка.

За дел од поранешните дипломати, пораката на Вашингтон не е изненадувачка во услови кога двата договора со соседите се се подоминанти теми во предизборието. За екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов, ставот на Стејт Департментот подеднакво се однесува и на грчката страна, која наскоро исто така ќе влезе во изборен циклус.

-Полека се приближува и денот за парламентарни избори за состав на Европскиот Парламент. Интересени се ставовите на кандидатите по ова прашање. Порака би рекол е испратена до двете земји. САД се чувствуваат обврзани да реагираат на ставовите и во едната и во другата земја и нема потреба сега тој спор да се злоупотребува во предизборен период и од двете страни. , изјави Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор.

Токму прашањето за непочитувањето на Преспанскиот договор беше причина американскиот претседател Бајден пред три години да потпише извршен указ за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за лица кои работат против Спогодбата. Стејт департментот тогаш појасни дека наредбата освен за лица од Западен Балкан, се однесува и за граѓаните во други држави, прашан дали американската администрација планира да ги прошири санкциите и во Грција, која исто така е потписник на Преспанскиот договор.

И покрај спорадичните реакции во грчката јавност околу почитувањето на Преспанскиот договор во земјава, во грчкиот парламент во Атина веќе пет години во фиока чекаат за ратификација трите мемомрандуми за разбирање со Македонија. Во исто време, промената на патните табли со ПЈРМ и Скопје во Грција засега останува само на хартија.

YouTube video

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер