САД ја одобрија терапијата со антитела, што ја користеше Трамп

Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) вчера издаде одобрение за итна употреба на терапија со антитела COVID-19 од страна на Regeneron Pharmaceuticals Inc.

Ројтерс наведува дека станува збор за експериментален третман што му бил обезбеден на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој тврдеше дека му помогнал да се излечи од болеста.

Да потсетиме, Трамп заврши во болница на почетокот на октомври поради инфекција со коронавирус. Тој заврши во болницата еден ден откако објави дека е позитивен, а по неколку дена беше пуштен дома.

Донација од брзи ковид тестови од Норвешка

На Воено-медицинскиот центар во Скопје денеска ќе биде предадена донација од брзи ковид тестови обезбедени од Кралството Норвешка.

На примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот амбасадор Егил Далтвејт.

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот

Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип.

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Сончево и ведро време со максимални температури до 18 степени

Ведро и студено е утринава во целата држава. Слаба магла има во Скопската котлина и во Демир Капија.

Според утринските мерења на УХРМ, најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени по што следуваат Битола и Струмица со -7, Демир Капија со -6 и Тетово со -5. Четири степени под нулата се измерени во Скопје, Прилеп, Штип и Гевгелија, -3 во Дебар и -1 во Крива Паланка и Лазарополе. Нула степени утринава се измеренеи во Охрид, Виница и Маврово и 4 степени во Крушево и Дојран.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со слаба магла по котлините во утринските часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10 степени.

притисни ентер