САД, Британија и Канада воведуваат санкции кон Белорусија

САД, Велика Британија и Канада планираат да воведат санкции врз лица од Белорусија уште оваа недела поради, како што сметаат, наместените избори и владините насилства против мирните демонстранти.

Четири извори кои сакале да останат анонимни објавија дека санкциите на САД, Велика Британија и Канада можат да бидат изречени уште во петок.

Тие посочуваат дека целта на санкциите е да се покаже дека местењето на изборите и насилството врз демонстрантите имаат последици.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е на власт 26 години, тврди дека победил на изборите на 9 август, но од опозицијата велат дека изборите биле наместени.

Безбедносните сили на Лукашенко оттогаш ги приведоа или протераа водечките опозициски фигури, уапсија илјадници демонстранти и ја задушија слободата на медиумите.

Лукашенко вчера ненадејно се заколна по шести пат како претседател.

Неговите инаугурации порено беа големи државни церемонии, но овој пат се одржа без претходна најава.

„Досега, постојаната цел на американските и европските претставници беше да спречат насилството на режимот да излезе од контрола“, нагласи Ендру Вајс од тинк-тенк Карнеги фондација за меѓународен мир со седиште во Вашингтон. „Секој што вчера ја виде полициската акција на улиците во Минск, знае дека западниот пристап не успеал.

Познат претставник на американскиот Стејт департмент изјави на 1 септември дека САД размислуваат за санкции против седум Белоруси за кои се верува дека учествувале во местење на изборните резултати и насилството врз демонстрантите.

Еден од шесте извори за Ројтерс изјавил дека денес има осум Белоруси, но дека ова може да се промени.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб пред парламентот рече дека Велика Британија подготвува санкции против оние што ги кршат човековите права и дека „итно“ се координира со САД и Канада.

Неговиот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ изјави дека Лукашенко не е легитимен лидер на Белорусија и дека неговата „таканаречена инаугурација“ зад затворени врати се случила по „лажните“ избори.

Европската унија исто така ја прогласи неговата заклетва спротивна на волјата на белорускиот народ.

Вашингтон се надеваше дека ќе воведе санкции во договор со ЕУ, но европските држави не можат да постигнат консензус поради нерешениот спор на истокот на Медитеранот и условувањето од страна на Кипар.

76-годишна бабичка и нејзиниот 23-годишен сопруг снимаат порно видеа:Немаме цензура (ФОТО)

Има 53 години разлика помеѓу Алмеда и Гери Хардвик, но како што тврдат, тоа не е пречка за нивната љубов.

Алмеда (76) и Гери (23) се венчале во 2015 година откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт, пишува The Sun.

Тие се среќни што го споделуваат својот приватен живот со следбениците на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на „ТикТок“,започнале да снимаат порно и да продаваат еротска содржина на страницата за возрасни „ Only Fans“.

Оваа страница им овозможува на регистрираните членови да ги споделат нивните провокативни фотографии и снимки и да заработат пари на нив, а се чини дека Алмеда и Гери добро го искористиле тоа.

"Отворивме сметка и покажавме сè, без цензура. Само за една недела влеговме во топ 10 од најследените профили", напиша Гери на Твитер.

По венчавката, двојката се преселила во куќата на Алмеда и сега живеат со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.

„Не барав момче, но Гери наиде самиот“, рече Алмеда. „Веднаш знаев дека тој е вистинскиот.

Две недели по нивниот прв состанок, Гери веднаш ја запросил по телефон и наскоро го истетовирал нејзиното име на неговите гради.

"Алмеда е млада по душа и возраста не ни е проблем. Ние дури и не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот", заклучил Гери.

Португалија планира во првата фаза да вакцинира 10% од населението

Владата на Португалија денеска објави национален план за доброволно и бесплатно вакцинирање на граѓаните против коронавирус и објави дека во текот на првата фаза, која ќе започне следниот месец, ќе се вакцинираат скоро 10% од населението.

Предност ќе имаат оние над 50-годишна возраст со претходно постоечки болести, како што се васкуларни или респираторни заболувања, здравствените работници од првата линија и жителите и персоналот во домовите за стари лица.

Првата фаза на вакцинацијата треба да заврши меѓу јануари и февруари, изјави Франциско Рамос, координатор на владината работна група за вакцини. Тој додаде дека вакцините ќе се администрираат на 1.200 локации во здравствените домови низ целата земја.

Во втората фаза треба да се вакцинираат околу 2,7 милиони луѓе, пишува Ројтерс.

„Вакцинацијата е голем фактор на успех во борбата против пандемијата“, рече Рамос.

Министерката за здравство Марта Темидо рече дека Португалија купува 22 милиони дози вакцина против ковид-19 во вредност од 200 милиони евра. Властите потпишале договори со производителите на вакцини CureVac, Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson & Johnson, Sanofi и GSK.

Првиот човек на Барселона: би го продал Меси, ќе нема плата за фудбалерите

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси минатото лето ако можел и откри дека платите на играчите ќе бидат одложени во јануари.

Марка неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.

Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.

Тукетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси да можел, откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.

"Гледајќи од економска страна, би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. Ла Лига воведува ограничувања на платите", рече Тукетс.

Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати на платите во јануари.

"Играчите нема да добиваат плати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како и другите исплати," рече Тукетс.

притисни ентер