Директорката на Институот Марија Андоновска вели дека вчера добила информација дека фрижидерите биле исклучени. Засега се испитува квалитетот на реагенсите, но според објаснувањето на познавачите фрижидерите можат да останат и неколку часа без струја без да има сериозни последици реагенсите. Но сепак ќе се прави дополнително испитување.
Веднаш било известено обвинителството и од таму итно е оформен предмет по допрен глас за да испита дали има кривично дело.
– Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за кривични дела против државата како што се диверзија или саботажа, дежурните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со истражители од истражните центри на обвинителството, излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија – велат од Обвинителството.
Андоновска во неделата за Канал 5 потврди дека има реагенси за испитување на голема кашлица во мала количина и дека не била претходно не била направена набавка. Андоновска денеска потврди дека ќе се направи итна донација на реагенси за голема кашлица.