Русковска ќе бара докази за исказот на Нинџа

Обвинителството за организиран криминал и корупција бара докази за да го потврди вчерашниот исказ на Александар Василевски Нинџа.

Дека дента на 27 април лани бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ каде на осмиот кат имало „командантно оперативен штаб“од каде се давале насоки. Од институцијата за Канал 5 велат дека внимателно се ценат изјавите на обвинетите со оглед на тоа што во случај да не ја кажуваат вистината не подлежат на одговорност. Нинџа како сведок се појави во Ровер за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година но по цели 12 години кога во февруари 2012та детално раскажа за настанот, посочувајќи го поранешниот министер за внатрешни Љубе Бошкоски за нарачател. Во декември истата година, полицијата го уапси поради сомнение дека две недели претходно пукал во Драганчо Стојменов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“.

Изјавите на обвинетите се земаат и се ценат со особена внимателност и потребно е да бидат потврдени и со други прибрани докази. ​Имајќи ја предвид дадената можност на осомничените и обвинетите лица во текот на давањето исказ да не ја кажуваат вистината и за тоа не подлежат на одговорност, обвинителството ваквите изјави ги цени во согласност со останатите околности и докази.

Дел од аналитичарите сметаат дека неговиот исказ дава сосема ново светло за она што се случувало на крвавиот четврток и од каде доаѓале наредбите. Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски вели дека треба сериозно да се проверат наводите на Нинџа со оглед на тоа што неговите информации доаѓаат преку Горан Грујевски и Никола Бошковски – лица кои се во бегство.

Поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска вчера го демантираше исказот на Нинџа, а денеска вели дека е подготвена да одговори на сите прашања на обвинителството доколку ја повикаат.

Доколку јавниот обвинител поклони верба на исказ кој е даден од обвинето лице на кое како што видов во медиуми занимање му е давање на искази во судска или обвинителска постапка, јавниот обвинител може да ме повика за исказ и тоа што имам да го кажам ќе го кажам пред јавниот обвинител. Верувам дека јавното обвинителство прави разлика помеѓу вистинити и невистинити искази.

Освен Бришковска, според Нинџа, во оперативниот штаб во ВМРО ДПМНЕ биле и Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои ги слушал како даваат инструкции по телефон и го координираат упадот на толпата. Тие засега се без коментар за овие наводи.

Полицијата во Минск користи ласерски пушки против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС.

Околу 500 луѓе, претежно млади, се собраа во центарот на Минск.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти.

По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.

Не платила за чистење смет, ѓубраџиите и се одмаздиле (ВИДЕО)

Браќа кои се занимавале со отстранување на отпад и чистење  куќи се одмаздиле на клиент која, наводно, одбила да плати за нивната работа, истоварувајќи камион полн со ѓубре пред нејзиниот влез.

Џонатан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) од Кардиф, во Велс се одмаздиле на жена која не сакала да им плати за услугата. Браќата кои работат на отстранување на отпадот од Кардиф и расчистување на куќите, на 20 јули отстранувале стар мебел и отпад два часа и побарале 120 фунти за нивната работа, пренесува The Sun.

Меѓутоа, откако не платила до следниот ден, тие се вратиле во куќата и го истуриле ѓубрето по патеката.

„Ова им се случува на клиентите кои не плаќаат. Тие добиваат поврат на средства. Бесплатно е“, вели Калум во снимката пред Џон да го растовари отпадот. Еве како изгледаше тоа.

Браќата велат дека тие наплатиле 120 фунти за работата и велат дека станувало збор за работа од 200 фунти. Додаваат дека се чинела како пристојна дама која објаснила дека нема многу пари, па решиле да и наплатат само за да не бидат во загуба.

„Не требаше да заработиме, само сакавме да и помогнеме“, велат тие.

Францускиот премиер предупредува дека епидемијата оди во погрешна насока

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека стапката на инфекција со коронавирус во Франција се движи во погрешна насока и дека е потребно заедничко дејствување на национално ниво зашто ситуацијата ќе излезе од контрола.

,,Јавноста станува несовесна”, предупреди премиерот, откако беа пријавени скоро 5.000 нови случаи на ковид-19 од саботата до вчера, според официјалните бројки. Епидемијата однесе повеќе од 30.000 животи во земјата.

Бројот на позитивни тестови за вирусот се зголеми од околу илјада на ден пред три недели на скоро две илјади на ден сега, рече францускиот премиер за време на посетата на главната болница во Монпелје.

Земјата ќе го премине „прагот на претпазливост“ од 20 случаи на 100.000 жители оваа недела, предупреди тој.

Кастекс рече дека француската влада одлучила да ја продолжи забраната за собирање на повеќе од 5.000 лица до крајот на октомври и ќе подготви нови ограничувања за 20-те најголеми градови за да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од локалните власти исто така ќе биде побарано да направат повеќе за да ги охрабрат луѓето да носат маски на јавни места низ целата земја.

,,Секоја недела се спроведуваат над 600.000 тестови во Франција, што е задоволително, но може да се направат повеќе за да се опфатат повеќе лица со симптоми, рече премиерот.

„Ако не дејствуваме заедно, ризикуваме дека повторното ширење на епидемијата ќе биде тешко да се контролира“, рече Кастекс.

притисни ентер