Русковска и Муареми ја продолжија вербалната пресметка, бараат да се вмешаат и САД и ЕУ

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал Русковска преку писмено обраќање доцна синоќа побара помош од сите надлежни државни институции и амбасадите.

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал Русковска преку писмено обраќање доцна синоќа побара помош од сите надлежни државни институции и амбасадите да реагираат, за како што вели „згрозувачкиот притисок“ врз обвинители од институцијата со која таа раководи и мешање во предмет од страна на директорот на Финасовата полиција Арафат Муареми.

Русковска порачува дека ако Владата сака вистинска правна држава, вистината мора да излезе на виделина и посочува и дека се напаѓаат обвинители кои ги воделе случаите против Катица Јанева, Фросина Ременски, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери..

„ Токму поради овој атак и притисок врз обвинители треба и меѓународните институции како и амбасадите на САД на ЕУ сериозно да преземат мерки, затоа што ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив! Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта,-Вилма Русковска – Шефица на ОЈО-ГОКК.

Русковска ја замолува и Европската обвинителка Лаура Ковеши доколку е во можност да дојде и да ги провери сите предмети во обвинителството, со посебен осврт на тие за Рашковски, Зекири и најновиот за директорот на финансиската полиција. Таа најави дека во следниот период јавно ќе ги сподели информациите од предистрагата за Муареми за како што вели јавноста да суди кој е криминалец а кој се бори против криминалот.

На ова обраќање на Русковска возврати Муареми. Тој се придружи на нејзиниот повик до меѓународната заедница, меѓутоа, како што вели, за да го проверат нејзиното незаконско работење што го констатирал и државниот обвинител Јовески.

„ Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува. Негонење на криминал поради притисоци, претставува кривично дело, обвинителке.“-Арафат Муареми – Директор на Управата за Финансиска полиција.

Повикот на Русковска доаѓа откако Муареми најави дека ќе поднесе кривични пријави против неа и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за незаконски претрес во просториите на Управата за финансиска полиција. Но, на нејзиното писмо остро реагираа од Здружението на јавните обивнители кои велат дека со дописот Русковкса го нарушува угледот на јавнообвинителската функција. Нејзиниот повик го оценија како драматичен и велат дека во ниту еден момнет обвинителите не биле спречени самостојно да водат истраги.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер