Рускоска: Мијалков е обезбедуван од истражителите, не оди во затворски притвор

Искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави, изјави вечерва обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинителката посочи дека најпрво се консултирала со јавниот обвинител на Република Северна Македонија дали да го прифатат или сепак да се пријави во полиција.

– Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас. Од кога е дојден до сега Мијалков беше обезбедуван од истражителите кои се во Истражниот центар на ЈО за гонење организиран криминал и корупција, додаде Рускоска.

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, обвинителката рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

-Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што и фактички решението до тогаш не беше спроведено, нели се уште беше недостапен обвинетиот Мијалков и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор затоа што првото решение не беше спроведено. Потоа, колку што имам сознанија разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата, рече Рускоска.

На прашањето дали сега повторно ќе побараат затворски притвор, обвинителката кажа дека ќе размислат, бидејќи цел ден беше доста бурен.

– Со колегите што го застапуваат предметот, со јавниот обвинител ќе одлучиме. Но сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во Обвинителството, истакна Рускоска.

За тврдењето на Мијалков дека бил болен и дека дури утринава дознал оти се трага по него обвинителката рече дека не се видела со Мијалков и не знае како делува, дали е болен или не.

-Единствено се видов со едниот негов адвокат. При разговор со неговиот адвокат двајцата заклучивме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Навистина незнам каде бил, изјави шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Мијалков, кој е обвинет во предметот Таргет – Тврдина, денеска попладе сам се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.

– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, наведоа во соопштение од Обвинителството.

Пукотници во средно училиште во САД, застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно - сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели:

„Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ - Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини!

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно - дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес - јавноста не смее да зборува - затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово - огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд - обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања - порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите - само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!


притисни ентер