Рускиот нафтен гигант му најави на Путин огромен арктички проект

Руската нафтена компанија Роснефт денеска му соопштила на претседателот Владимир Путин почетокот на Восток Оил, гигантски проект на Арктикот, што треба да го зголеми рускиот економски раст.

„Задоволство ми е да ве информирам за почетокот на проектот“, изјавил Игор Сечин, извршен директор на „Роснефт“, за време на состанокот со рускиот претседател, со кого е многу близок, и му се заблагодарил за усвојувањето на законот што ги олеснува инвестициите на Арктикот.

„Според планот, во тек се истражувачките работи и изградба на нафтовод долг 770 километри, како и пристаниште “, додаде Сечин.

Проектот, камен-темелник на руските арктички амбиции, обединува неколку активности на Роснефт на Далечниот исток на Русија, во близина на северната морска рута што компанијата има намера да ја искористи за испораки во Европа и Азија.

Во февруари, Сечин му ветил на претседателот дека проектот ќе и донесе на земјата два процента од БДП годишно.

Потоа рече дека „оваа нова провинција за нафта и гас“ на полуостровот Таимир, најсеверниот дел на Азија, ќе има ресурси од околу пет милијарди тони нафта и дека во неа ќе бидат инвестирани 10.000 милијарди рубљи, или 132 милијарди евра.

Проектот предвидува изградба на петнаесет работни „села“, два аеродрома, едно пристаниште и создавање на 130.000 работни места. Сечин рече дека за тоа му требаат повеќе од 400.000 луѓе.

Роснефт минатата недела објави продажба на 10 проценти од уделот во проектот на сингапурската компанија Трафигура, но не ја прецизира сумата. Компанијата претходно изјави дека и Индија е заинтересирана за проектот.

Сечин тврди дека на почетокот ќе се произведуваат 50 милиони тони нафта годишно, а потоа и двојно повеќе. Тој вети дека до 2024 година ќе бидат пренесени 30 милиони тони преку рута што ги поврзува Атлантскиот и Пацифичкиот океан, познат како Североисточен премин или Северноморска рута.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер