Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата

Имунолошкиот одговор на корона вирусот не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски “, рече Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.

"Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Значи, мислам дека времето може да се избере во овој период. Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример за 30 -45 дена временската рамка помеѓу вакцинациите да биде прифатлива “, рече експертот.

Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против корона вирусот.

Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.

Турчин пред ќерката на улица ја претепува својата поранешна сопруга (ВИДЕО)

Турчинот кој ја претепал својата поранешна сопруга среде улица, како што може да се види на видеото на социјалните мрежи, е приведен, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил вчера вечерта во северниот град Самсун.

Видеото направено од блиската куќа ја прикажува жената како лежи на земја додека мажот ја удира неколку пати по главата, телото и лицето. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај нејзината мајка и плаче.

Жителите повикале брза помош и жената не претрпела повреди опасни по животот. Осомничениот е приведен истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека случајот внимателно ќе се следи, а женските организации бараат строго спроведување на законите што ги штитат жените.

Според тие организации, најмалку 300 жени биле убиени од мажи минатата година во Турција. Во половина од случаите, убиецот бил партнерот.

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Скандал во Бундестагот: Пратеник од власта правел профит од заштитни маски

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска најави оставка и напуштање на политиката.

Либел се повлече откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Критиките денеска пристигнале од опозициските партии, но и од неговите сопартијци, бидејќи било откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра од трговија со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата, објави АП.

притисни ентер