Човекот бил опишан како „дезертер со автомат“, пренесува рускиот медиум „Маш“.
Тој наводно ја нападнал полицијата во близина на царинската испостава на периферијата на градот Новошахтинск, во близина на украинската граница.
На Телеграм каналот на руската служба 112, било објавено дека полицајците барале исчезната жена во областа кога маж во камуфлажна облека излегол од шумата и почнал да пука во полициското возило.
Маш информира дека во престрелката се повредени двајца полицајци и дека се претпоставува дека мажот дошол од украинската страна на границата. Наводно, патиштата во Новосахтинск се блокирани додека потрагата е во тек, а училиштата и градинките се затворени.
Властите, исто така, побарале од жителите да останат внатре и ги предупредија да не се обидуваат да го приведат напаѓачот.
„Во градот се преземаат мерки за пронаоѓање и апсење на напаѓачот кој ги нападна службениците на редот и законот .Затоа неопходно е во овој момент да се напуштат улиците, да се засолнат во затворени простори и да не се обидуваат да учествуваат во приведувањето на осомничениот“, соопштуваат властите.