Русите ослободија над 200 Украинци во замена за кумот на Путин

Украинскиот опозициски политичар, Виктор Медведчук, кој беше уапсен во април, беше разменет со Русија како дел од размена на затвореници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека 200 украински затвореници се вратиле дома во замена за Медведчук.

„Најпрво ни беше понудено да вратиме 50 наши луѓе во замена за еден од оние во притворниот центар на Службата за безбедност на Украина. Разговаравме. Инсистиравме. Бројката од 50 се зголеми на 200“, рече Зеленски.

Васил Малиук, вршител на должноста шеф на украинската служба за безбедност, рече дека Медведчук „не е само кум на детето на Путин, туку и документиран како предавник“. „Понатаму, додека работевме на случајот Медведчук, неутрализиравме повеќе агенциски мрежи, уапсивме повеќе предавници и добивме многу вредни информации кои ги користиме за контраразузнавачки операции и кои ќе нѐ доближат до нашата победа“, додаде Малиук.

Во размената на затвореници биле вклучени пет украински команданти, како и 55 затвореници кои ќе бидат испратени во Русија, рече Зеленски. Не е јасно дали сите затвореници се Руси или проруски настроени, но Зеленски ги опиша како луѓе „кои се бореле против Украина и оние кои ја предале Украина“.

Меѓу оние кои вчера беа ослободени од заробеништво има 108 борци од Азов и други формации“, рече Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Зеленски. Станува збор за борци од контроверзниот баталјон Азов, дел од Националната гарда на Украина, која Русија претходно ја нарече нео- нацистичка.Јермак се вели дека меѓу разменетите имало и 10 странци.

Виктор Медведчук е роден во 1954 година во Сибир, каде што неговите родители биле протерани откако неговиот татко бил осуден за соработка со нацистите за време на окупацијата на Украина. Работел како адвокат, а подоцна влегол во политиката.

Медведчук е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина. Во март, партијата била една од неколкуте укинати од Зеленски поради нејзините врски со Русија. Тој се споменува како еден од фаворитите на Путин да го преземе Киев во случај Русија да успееше да го освои градот. Медведчук вели дека рускиот претседател Владимир Путин бил кум на неговата ќерка.

Украинските власти го ставиле Медведчук во домашен притвор, но тој избегал три дена откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Медведчук е познат како еден од најголемите противници на Европската унија, која своевремено ја споредуваше со нацистичка Германија. Тој бил обвинет за организирање протести за поддршка на Русија и тогашниот претседател Јанукович, но никогаш не биле пронајдени докази за таквите тврдења.

Форбс неговото богатство го проценува на половина милијарда долари.

Тој е сопственик на мегајахтата The Royal Romance долга 92 метри, која со години била закотвена во центарот на Риека во Хрватска. Пред неколку недели таа јахта, како што тогаш пишувал „Нови лист“, го напуштила пристаништето во Риека и заминала во пристаништето во Трогир.

Во февруари, пред инвазијата, магазинот Тајм објави напис за пријателството меѓу Медведчук и Путин. Ова е дел од статијата:

„Тие заедно одмараат на Црното Море. Се занимаваат со бизнис. Тие се опседнати со врските меѓу нивните земји и западните сили кои ги гледаат како сили на раздорот“.

„Нашата врска се развива повеќе од 20 години. Не сакам да кажам дека ја користам таа врска, но можете да кажете да“, рече Медведчук.

„Путин може да го каже истото за Медведчук. Како водечки глас на руските интереси во Украина, политичката партија на Медведчук е најголемата опозициска сила во парламентот, со милиони поддржувачи. Во текот на изминатата година, таа партија беше на удар. Медведчук беше обвинет во мај за предавство и ставен во домашен притвор во Киев. Минатиот месец САД го обвинија него и неговите сојузници за заговор за државен удар со помош на руската војска“, пишува Тајм.

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде вмешан во судирот меѓу Иран и Израел

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани.

Јордан нема да дозволи да биде во центарот на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа земја, повикувајќи се на зборовите на јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само за одвлекување на вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за нападот на Израел врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет полицајци кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на иранскиот беспилотен и ракетен напад.

Танцува на покрив на Ламборџини, реакцијата кога пука шофершајбната е хит (ВИДЕО)

Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.

Подготвени се да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.

Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.

Веруваме дека љубителите на автомобили, особено на егзотичните, не гледаат со одобрување на оваа сцена. Да не зборуваме дека таа ја скрши шофершајбната газејќи на покривот.

MC dances on top of car and breaks the windshield 🤦‍♂️
byu/EthanthegamerGD inImTheMainCharacter

Таа и самата изгледа е шокирана од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV.

„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.

Времето и местото каде е снимено видеото не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвои значителна сума за поправка на шофершајбната.

Реал пронајде замена за капитенот

Начо Фернандез, 34-годишниот капитен на Реал Мадрид, на крајот од сезоната го напушта Кралскиот клуб.

На Начо му истекува договорот и нема да го продолжи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Заминувањето на легендата на Реал значи дека клубот ќе мора да најде некој кој ќе го замени.

Романо тврди дека тоа е Лени Јоро, 18-годишниот централен дефанзивец на францускиот прволигаш Лил. Јоро покажал голем потенцијал оваа сезона играјќи за Лил на 39 натпревари. Тој постигнал три гола. Реал веќе некое време го следи овој млад човек, но тој не е единствениот. Го сака и ПСЖ. Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.

притисни ентер