Русите кои сакаат со автомобил да избегаат од земјата, ќе мора да резервираат термин

Русите кои сакаат да ја напуштат земјата со автомобил, наскоро, доколку помине новиот предлог-закон, би морале да бидат принудени однапред да резервираат состанок со владини претставници.

Евгениј Москвичев, кој е задолжен за сообраќајот и инфраструктурата во Кремљ, подготвил измени на законот со кои се предвидува резервирање на датуми и часови за возилата што ја минуваат руската граница. Ова доаѓа од документ што го видела руската агенција ТАСС.

Според предлог-законот, возачите ќе треба да закажат термин преку Интернет доколку сакаат да ја поминат руската граница. Занемарената процедура вклучува обезбедување низа документи и специфицирање на времето во кое тие сакаат да ја преминат границата.

„Преминот на возила на руски и странски превозници, државјани на Русија, странски државјани, лица без државјанство и други кои сакаат да ја преминат границата на Руската Федерација е возможен на однапред резервиран датум и време во согласност со процедурата утврдена со владата на Руската Федерација“, се вели во дел од предлог законот.

Да потсетиме, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата година најави „делумна“ мобилизација на резервисти за војната во Украина, стотици илјади граѓани ја напуштија Русија, главно мажи кои сакаа да ја избегнат мобилизацијата.

Кортни Кокс (60) се сними како излегува од замрзнувачот: „Одлично се чувствувам“

Кортени Кокс, актерката позната по улогата на Моника во серијата Пријатели, минатиот месец го прослави својот 60-ти роденден.

Својата рутина ја објави на Инстаграм за која вели дека одржува одлична фигура, но дури и самата призна дека понекогаш претерува.

„Само што го прославив роденденот... Не ми се допаѓа кој број беше, но немам избор“, почна со овие зборови во видеото снимено во теретана. Кокс рече дека треба да дадете сè од себе, а рутината за вежбање која таа им ја претстави на своите следбеници вклучуваше вежби за раце, влечење, вежби за гради, стомачни мускули и кардио.

Кортни носеше црн спортски градник и хулахопки во иста боја кои ја истакнаа нејзината витка фигура. Иако нејзиниот сет за вежбање е прилично стандарден, кон крајот на видеото работите се сменија. Актерката ја замени својата црна облека за вежбање за бикини и се сними како излегува од замрзнувачот.

„Што, ова ли е криотерапија? се пошегува познатата актерка. Инаку, криотерапијата или студената терапија вклучува употреба на ниски температури во медицинскиот третман и е пофалена за придобивки во намалувањето на воспалението и промовирањето на закрепнувањето. Иако на јавноста не и е познато дали Кокс тоа го прави секој ден, таа претходно објави видео на кое се обидува да влезе во ледена бања.

Кокс претходно изјави за „Glamour“ дека мислела дека ќе го мрази трендот на велнес, но го засакала со текот на годините. „Се чувствувам одлично со часови по влегувањето во замрзнувачот“, објасни таа и додаде: „Колку и да се плашите да влезете, знајте дека потоа ќе се чувствувате многу добро“. Таа истакна дека го сака напливот на допамин што го добива кога влегува во замрзнувачот.

Извор: Индекс.хр

Алиев: Азербејџан би можел да извезува гас преку Украина

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека Украина и Европската унија се заинтересирани Азербејџан да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина oткако ќе истече постоечкиот договор со Русија на крајот на годината.

„Продолжуваат разговорите со властите во Украина и ЕУ, како и со Русија, и се чини дека сите страни се заинтересирани за продолжување на снабдувањето. Ќе помогнеме ако можеме“, рече Алиев на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Тој посочи дека производството на гас во неговата земја ќе се зголеми благодарение на новите и постоечките проекти во Каспиското Море. Во 2022 година, Азербејџан потпиша меморандум за разбирање со Европската комисија со намера да го удвои извозот на гас во Европа на 20 милијарди кубни метри до 2027 година.

„Земјата се движи кон целта. Извозот во Европа ќе се зголеми на близу 13 милијарди кубни метри оваа година од 11,8 милијарди кубни метри во 2023 година и осум милијарди кубни метри во 2021 година. Испораките ќе се испраќаат преку т.н. Јужен гасен коридор што го поврзува Азербејџан со Европа преку Грузија и Турција“, рече Алијев./MИА

Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

притисни ентер