Руската вселенска агенција соопшти за апсењето на поранешниот новинар Иван Сафронов, кој работел како нивни портпарол, а не е поврзано со неговата досегашна работа.
Руската разузнавачка служба ФСБ соопшти дека Сафронов е осомничен за шпионирање за земјите од НАТО. Според ФСБ, Сафронов собирал класифицирани информации за руските воени операции, одбрана и безбедност и ги доставувал до земјите-членки на НАТО.
Пред да стане портпарол на руската вселенска агенција, Сафронов работел како воен известувач за весниците „Комерсант“ и „Ведомости“. Кон средината на мај, тој се приклучил на Руската вселенска агенција како советник на директорот Дмитриј Рогозин.
Поранешниот новинар сега се соочува со затворска казна до 20 години, ако биде осуден.
Според неофицијални информации, неговото апсење е поврзано со периодот додека работел како новинар. Пред една година, ФСБ го поканила на информативно интервју, но тогаш тие не се сомневале дека тој е шпион.
Но, во јуни 2019 година, Сафронов објавил коавторски текст за руската испорака на оружје во Египет. Написот подоцна е отстранет од страниците на весникот „Комерсант“. После тоа, Сафранов бил отпуштен од својата работа затоа што работел на текст за напуштање на позицијата на висок функционер. Поради тоа, целата политичка редакција на Комерсант поднела оставка.
Таткото на Сафранов исто така бил воен коментатор во Комерсант, а тој починал во 2007 година, откако паднал од петти кат од една зграда. Во моментот на неговата смрт, Сафронов постариот ги истражувал обвинувањата дека Русија продавала оружје во Сирија и Иран.